Овие три хороскопски знаци посебно ќе уживаат во љубовните искушенија во текот на март
Кои хороскопски знаци ќе уживаат во најромантичниот месец во годината:
Ни се приближува март… Кои хороскопски знаци ќе уживаат во романтичните моменти?
Овен
За Овните овој месец е идеален за нова љубов. Вие сте од оние знаци кај кои разумот и емоциите не одат едни со други. Моментално тежнеете кон идеално, но запаметете дека и само шармот и нежноста може да ве воодушеват на долги патеки. Кон средината на месецот можно е познанство преку пријатели или роднини. Кон крајот на март можно е познанство со личност родена во воздушен хороскопски знак.
Лав
Имате во план да промените нешто во својот изглед, и тоа кон подобро, па секако ќе има позитивен ефект кај спротивхниот пол. Ќе имате пријатна средба со личност родена во знакот Вага или Водолија. Оние кои се зафатени ќе бидат длабоко посветени на својот партнер. Кон крајот на месецот може да се јави сомнеж кај вашиот партнер во врска со вашата љубов. Од вас се очекува да донесете одлука и вие размислете како да постапите.
Девица
Ќе уживате во љубовта, а истовремено партнерот ќе ве поддржува во она што го правите. Би требало да размислите за брак или заедничко живеење. Слободните Девици овој месец ќе запознаат личност која пријатно ќе ги изненади, а ова познанство може да прерасне во нешто повеќе. Кон крајот на месецот вниманието ќе ви го привлече една личност, по која „ќе изгубите глава“. Овој месец ќе имате можност да ја подобрите комуникацијата со пријателите.