Понекогаш се чини навистина невозможно да ги оствариме сите обврски во само 24 часа. Иако себеси постојано си се убедувате дека добрата организација е решение на сите проблеми, вашето тело нема секогаш сила да се справи со сите задачи. Без разлика дали се будите уморни или енергијата ви паѓа во текот на денот, овие намирници ќе ви ја вратат енергијата после само неколку минути.
Сок од целер
Иако не звучи многу примамливо, сокот од целер е богат со неопходните витамини и минерали. Освен што ќе ви ја пврати енергијата, влијае и на подобрување на вашиот имунитетот. Притоа, ве ослободува од токсини и доведува до губење на вишокот килограми.
Овесна каша
Освен што се подготвува лесно и брзо, овесната каша е богата со нутритивни состојки. Неа можете да ја збогатите и со свежо овочје, чиа и ленено семе, па да направите многу квалитетен и здра оброк.
Пуканки
Крцкавите и вкусни пуканки се богати со хранливи влакна, па брзо ви даваат чувство на ситост. Важно е да ги подготвите со малку масло и сол, за да бидат подготвени на што поздрав начин. Тие се одличен избор за меѓуоброк, кој не содржи многу калории, а ќе ви обезбеди доволно енергија.