Да, принтовите се во мода, а еве и една одлична комбинација која што би можеле да ја позајмите за оваа недела.
Имаме еден предлог за вас. Разгледајте ја добро галеријата која што ви е дадена на крајот од овој текст, пронајдете го трендот кој најмногу би сакале да го носите и обидете се да направите слична комбинација со модните парчињата кои што ги имате во вашите плакари. Откако ќе го направите тоа, одберете некоја интересна шминка (ние ви ја предлагаме оваа тука), пишете им на Фејсбук на најдобрите пријателки и излезете во мала прошетка низ вашиот град. Едноставно мрднете го вашето носе од пред компјутерот, и тоа без никаква посебна причини и без никакви обврски – целта нека ви биде да се прошетате, помуабетите и да зрачите со позитивна енергија која ви доаѓа од внатре.. но и од непознатите и пријатните погледи на луѓето кои ве исполнуваат и поздравуваат со насмевки поради вашиот преубав и одважен изглед.
види повеќе » |
Па, погледнете како тоа го прават овие шик девојки …