Пудра, бронзер и тренди кармин – неодолива пролетна шминка на една наша бјути блогерка
Нашата позната бјути блогерка Алек Потер со нов мејкап видео туторијал за Штипка во соработка со брендот за декоративна козметика Seventeen.
Таа низ ова видео покажува како со неколку едноставни чекори можете да го трансформирате својот изглед со помош на топлиот бронзер кој е хит за претстојната пролет/лето сезона. Бронзерот „Bronzing Powder“ од козметичкиот бренд „Seventeen“, кој поконкретно ги дефинира цртите на лицето, исто така дава илузија на исончана но здрава кожа, без ризикот од прекумерна изложеност на сончевите зраци. Како за основа, таа ја одбра течната пудра со медиум покривност „Natural Velvet Liquid Foundation“ која во себе содржи заштитен фактор и витамини кои ја потхрануваат и заштитуваат кожата од надворешните влијанија. Бронзената сенка, во комбинација со моливчето, течниот туш и маскарата („X-Traordinaire“, исто така од „Seventeen“) ги освежува очите, ги обликува, им дава интересна, нова димензија и ги прави заводливи, додека карминот „Matte Lipstick“ во боја на цигла го краси делото и го заокружува овој топол, неутрален изглед кој е одличен за претстојните пролетни денови.
{youtube}jKZQpdnQuLA{/youtube}
Овој мејкап туторијал може да ви помогне да го постигнете истиот изглед додека производите од брендот за декоративна козметика Seventeen можете да ги најдете во сите наши парфимерии, дрогерии или онлајн на страната на Trgovski.mk.
Кликни тука и разгледај го новиот каталог на Seventeen »