Еве што носат оваа пролет познатите ИТ девојки
Класичните (женски) костуми во последните неколку сезони поприлично се трансформираа и денес можеме да сретнеме најразлични варијанти кои не се наменети исклучиво за деловни изданија. Па така откако најпрво се преселија во елегантните вечерни комбинации каде се уште изгледаат класично но истовремено и мошне впечатливо, оваа сезона на полиците на познатите хај-стрит брендови сретнавме и многу поопуштени варијанти кои можеме да ги носиме и во нашите секојдневни кежуал изданија.
Тука пред се мислиме на сите оние прекрасни модели во нежни пастелни или вибрантни бои, како и моделите со дезени или зачинети со риги кои исто така се мошне популарни оваа пролет. Можеме да ги носиме со патики но и со опасни виски потпетици, а ако сакаме да бидете street style ѕвезда дефинитивно треба да имаме еден или два вакви модели во нашите плакари.