Реклама
Фитнес

Гранџ модата од 90-тите години се враќа: Тренд што треба да го испробате

Реклама

Панкот се враќа – но овој пат на еден малку попрефинет начин. Од премногу сексите, гранџ девојки кои ги видовме на Високата модна недела до славните личности кои си играат со неколку грстови пирсинзи, панкот добива преуредување за да влезе во високата мода.

Versace

Маркетинг

Прв пат го забележавме камбекот на панкот кога ги здогледавме вообичаено накитените ѕвезда, како Кира Најтли, како одеднаш си играат со вредни скапоцени камења на ушите – нешто што мислев дека е резервирано за тинејџери кои пушат зад хангари со велосипеди.

Сепак, новите пирсинзи на Кира, па дури и на Ема Стоун, потврдуваат дека панкот добива моментум – почнавме повторно да се вљубуваме во оваа екстремна верзија на украсување на лицето во текот на Модната недела пролет/лето ’15, кога Родарте ги испрати своите девојки на модната писта со начичкани прстени и копчиња на веѓите. Споредено со меката и убава шминка на девојките, тоа беше совршена спротивставеност меѓу тешката убавина и романтизмот.

Маркетинг

Rodarte

Потоа, Версаче направи крвта да ни пулсира со неговата ревија на висока мода кога Карли Клос почна да парадира на пистата со  претерано закривената линија од моливчето за очи, размачкани зачадени очи и интересна коса. Тоа беше љубов на прв поглед. Одговрниот за шминката, Пат МекГрат,  стои зад овој изглед, повикувајќи се на супермоделите од класичните 90-ти, како Амбер Валета (која се појави на ревијата) како инспирација за изгледот. 90-тите години се разбира беа ера на безбојни усни, зачадени очи и Нирвана, па заживувањето на гранџот кое го врати тоа време имаше совршена смисла. Ако малку ви е здосадено од пролетната шминка со сите недоречености, можеби е време на панкот да му дадете замав.

Кајли Џенер

Ако имате очи како орел, ќе забележите неколку сребрени пирсинзи на ушната ресичка на Кендал Џенер.

Сиена Милер

Кралицата на бохо-шик има ставено неколку метални копчиња и прстени во последно време.

Кира Најтли

Овој англиски роза има еден трн (или осум) со нејзините пирсинзи.

Ема Стоун

Ни се допаѓаат примамливите обетки на Ема. Или би можело тоа да се манжетни? Никогаш не се знае…

Сара Мејс

Што се однесува до нашите девојки, би ја издвоиле пејачката Сара Мејс, која покрај тоа што најчесто ја гледаме со интересни „гранџ“ фризури, таа постојано не воодупшевува и со нејзината шминка…

Но и со интересни обетки …

Ако сте премногу срамежливи за повеќе пирсинзи или ви е страв од боцкање, постојат мноштво варијанти и комбинации со wet-look на косата и шминката на очите, така што вашата креативност може да дојде до полн израз. Кој рече дека панкот е мртов?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button