Огласи
Шопинг

Шарени бунди – тренд кој морате да го пробате оваа зима!

Бундите се хит секоја зима

Во последно време се почесто можеме да ги забележиме познатите трендсетерки и ИТ девојки како носат шарени бунди со кои успешно се спротивставуваат на зимското сивило и монотонија. За разлика од темните гламурозни бунди, кои најчесто делуваат строго и сериозно, шарените модели делуваат младешки и модно, без разлика дали ги носите преку ден или навечер, и без разлика дали ги фурате со фармерки или вечерен фустан.

Реклама

Ова непишано правило го знае и Линда Фарко подпреседателката на модниот сектор во познатата њујоршка компанија „Bergdorf Gudman“ која го прошета својот омилена шарена бунда во елегантна вечерна комбинација.

Топ чизми и високи потпетици во страсни црвени нијанси >>

Маркетинг

Од друга страна пак, познатата актерка Елизабет Харли нејзината омилена шарена бунда за оваа сезона ја носеше во комбинација со секси фустан од раскошна црна тантела со што направи мошне интересна и смела комбинација.

Макси капути до земја – главен тренд за оваа есен и зима >>

Шарена бунда можете да носите и со патики, како Руни Роуз.

Единствениот проблем со овие бунди е во тоа што не можете да ги носите постојано, но доколку веќе имате капут во неутрални бои, тогаш ви препорачуваме да побарате и бунда во весели бои (види тука) со која ќе ги разбиете вашите монотони зимски комбинации.

Како да носиме крзно – пет девојки, пет различни комбинации >>

Кликни

и отвори галерија »

Секако дека е најдобро кога не е од вистинско крзно …

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button