Вирално

Нов моден тренд во Македонија што го започна Зоран Заев со неговите сопартијци

Advertisement

Некои нови трендови фураат нашите политичари

Advertisement

СДСМ и коалицијата ја започнаа трката за локалните избори со централен митинг во Битола. Од она што можеме да го видиме од фотографиите меѓу најголем дел од кандидатите за градоначалници и функционери од страна на владејачката партија не носеа вратоврски. Останува отворено прашањето дали ова е договорена ПР стратегија на СДСМ со која сакаат да ја претстават партијата во малку поинакво светло од онаа во времето на Бранко или пак станува збор за тренд кој очигледно е популарен меѓу новите „комуњари“.

Како и да е, ние го поздравуваме овој необичен тренд на Заев и неговата тајфа, а како што можете и сами да забележите од фотографиите тој веќе подолго време се шета во класичен костум без вратоврска.

Нашиот премиер немаше вратоврска ни за време на нередите во собранието кога од група насилници беа нападнати повеќе политичари, но и на прес-конференциите на кои ги објавуваше бомбите поврзани со прислушуваните разговори.

Па, што мислите за ова?

Фото: SDSM.ogr.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button