Фризура која ќе биде апсолутен хит за 2013 година и која досега ја носеа многу популарни ѕвезди меѓу кои и Милеш Обама и Кајли Минок.
Новата фризура која што ја има манекенката Карли Клос беше прогласена за фирура на 2013 година од страна на Њујорк тајмс. Должина до брада, благи бранови и кафени нијанси е нешто што стилистите го препорачуваат за секоја дама да го проба на своја глава!
Оваа фризура е дело на фризерот Гарен Дефазио, кој е одговорен за радикалната промена на изгледот на манекенката која пред тоа имаше долга коса до пола грб. Тој самиот беше сигурен дека ова ќе биде фризура на годината:
“Таа по малку се сомневаше во мојата идеја. Но, сепак ја прифати. И Мишел Обама и Кајли Минок имаат слични фризури, така што ова недвосмислено ќе биде тренд за 2013 година“, изјави Дефазио.
Па, дали ви се допаѓа оваа хит фризура? :))