Трамп лансираше линија на машки парфем за победници – „бори се, бори се, бори се!“

За да ја одбележи својата историска победа на освојување на претседателскиот трон, Доналд Трамп лансираше линија на парфем насловена „Fight, Fight, Fight“ („Бори се, Бори се, Бори се“).
Мирисот е дефиниран како симбол на сила, моќ, непоколебливост и триумф, вредностите кои, како што вели самиот Трамп, го довеле до врвот.
View this post on Instagram
Advertisement
Рекламната кампања за парфемот дополнително крена врева и предизвика провокации. Имено, на промотивните материјали е прикажана фотографија од Трамп со Џил Бајден, првата дама на САД, снимена за време на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам во Париз.
Покрај фотографијата стои слоганот – „Мирис на кој и непријателите не можат да одолеат“.

Секое шише парфем е дизајнирано со внимание и фокусирано на луксузот и симболиката.
Во пакувањето доминира фигурата на Трамп со крената тупаница, гест што покажува сила и решителност.
Цената на едно шише е 199 долари, а љубителите на луксузот можат да ја искористат специјалната понуда – купување на второ шише со 50% попуст. Достапен во продажба е и преку Амазон.