Трајче го ожени синот со спектакуларна веселба – а Марина беше гостинка во спектакуларна креација!
Меѓу гостите на вечерта имаше и бројни ѕвези од македонската естрадна сцена и, рака на срце, кој од кој поубав и подотеран!

Трајче Мајка, водителот на Мерак меана, заедно со сопругата Вики направија голема веселба по повод женидбата на синот Мичо. Се разбира, прекрасната невеста Сандра беше ѕвезда на вечерта во „Рагуза360“, облечена во префинета венчаница во сирена стил, која ѝ го истакнува извајаното тело.
Меѓу гостите на вечерта имаше и бројни ѕвези од македонската естрадна сцена, меѓу кои и водителката Марина Дојчиновска која дојде, се разбира, во друштво на легендарниот Горан Алачки.
Модниот избор на Марина за оваа свечена пригода беше црн сексапилен фустан со доминатна цветна тантела.

Двата високи шлица додаваат дополнителен ефект на фустанот што го носи Марина, а модниот изглед е заокружен со женствени сандали на високи потпетици и свечена плик-чантичка.

„Среќни и вечни Мичо и Сандра! Прекрасна свадба. Радост најголема за мама Вики и тато Трајче Толевски!Се радуваме заедно со вас!„ – напиша Марина на својот фејсбук-профил објавувајќи серија фотографии.

На една од фотографиите, таа позира со Горан, а ние нема да ви ја опишуваме оваа голема љубов која зрачи, доволно е само да ја погледнете фотографијата!
Меѓу гостите во веселата атмосфера е и преубавата водителка Ели Танасковска (во неодолива бела креација!), инаку и пријателка на Марина, па двете дами позираат заедно, а третата дама на фотографијата е уште едно пријатно изненадување – поранешната водителка и стјуардеса Офелија Гаџовска која секогаш ги грее срцата со неверојатната енергија и позитивност.

Кој од кој поубав!