Кафе муабетНега и здравје

Трагедијата во Кочани – психолошки и социолошки осврт на колективната тага, траума и неизвесн иднина

Тагата нема календар. Траумата нема часовник. Но има лек човечноста. И надежта.

Advertisement

Пишува Амела Мемиш Апостоловска, клинички психолог, психотерапевт, метафизичар и алхемичар

Трагедијата што се случи во дискотеката во Кочани, каде згаснаа животи на млади и возрасни, остави не само празнина, туку и колективна психолошка рана во ткивото на македонското општество.

Оваа болка е повеќе од трагичен настан, таа е крик што одекнува низ секое срце што знае што значи да се изгуби нешто сакано, нешто свое. Тоа не се само личности тоа се мечти, иднини, гласови што никогаш повеќе нема да прозборат.

Advertisement

И како психолог, и како мајка, ја чувствувам оваа загуба со две срца – едното стручено, што анализира, препознава и дејствува, и другото мајчинско, што плаче, што се буди во ноќта со мислата „а што ако беше моето дете таму?“

ПСИХОЛОШКИ РЕАКЦИИ НА ТРАУМА ШТО НЕ ЗАВРШУВА КОГА ЌЕ СТИВНЕ МУЗИКАТА

Од аспект на клиничката психологија, трагедијата активира неколку клучни процеси:

– Акутна стресна реакција – кај сведоците, преживеаните, спасувачите;

Advertisement

– Колективна траума – што ја засега целата јавност, особено младата популација;

– Посттрауматски симптоми – како вознемиреност, пореметен сон, напад на паника, раздразливост, чувство на вина;

– Бихејвиорални промени – повлекување, избегнување места на забава, нарушени рутини, зголемена анксиозност пред ноќно излегување, кај родителите – прекумерна контрола и страв.

Бихејвиорално, траумата не се манифестира само низ емоциите, туку и низ телото и однесувањето. Детето кое повеќе не сака да излегува, адолесцентот кој развива фобија од толпа, родителот кој секој звук го доживува како знак на опасност сето тоа се говори на траумата.

ПОТРЕБА ОД ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП КАДЕ СОЦИОЛОГИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ОТСУСТВУВА

Во вакви моменти, не е доволна само психолошката поддршка. Потребен ни е и социолошки ангажман зашто трагедијата се случува во општествен контекст. Неопходно е да се вклучат социолози кои ќе анализираат:

– Што кажува оваа трагедија за младинската култура и слободата?

– Какви се социјалните механизми што овозможуваат или не спречуваат ризици?

– Дали институциите се само формални, или вистински функционални и превентивни?

– Каква е нашата културна перцепција на тагата, вината и одговорноста?

Општеството има своја колективна психа, и таа психа е сега во шок. Социолошкиот аспект ни покажува како културните норми, економската несигурност и генерациските јазови влијаат врз тоа како се справуваме со болката и одговорноста.

НИЕ, РОДИТЕЛИТЕ…

Секоја мајка се стресе до срж кога слушна за Кочани. Секоја мајка се стисна до срцето на своето дете таа ноќ, и во мислите му рече: „Остани ми живо, остани ми блиску.“ Како мајка, не можам да не се запрашам дали сме доволно подготвени да ги слушаме стравовите на младите? Или само им велиме „не оди“, без да прашаме „зошто одиш?“ и „како се чувствуваш?“

Како психолог, пак, знам дека младите денес се под лупа на осудата, но не и во прегратка на разбирањето. А токму разбирањето  длабокото, емпатичното, она човечкото  е патот кон нивното и нашето заздравување.

Неопходни чекори  сега, веднаш и стручни

Оваа трагедија мора да биде момент на будење  не само емотивно, туку и институционално. Потребно е да се формира стручен тим составен од психолози, психијатри, социолози, педагози, кризни работници, кој ќе делува не само во Кочани, туку низ цела држава.

  • Креирање кризни центри со достапна психолошка прва помош;
  • Психообразование за ученици, родители и наставници како да препознаат симптоми на траума и кога да побараат стручна помош;
  • Долгорочна терапевтска поддршка неколку сесии не се доволни за процесирање на загуба од ваков размер;
  • Вклучување на социолошки анализи и јавни дебати за колективната одговорност и промена на системите.

Да бидеме општество што лекува

Сè додека трагедиите не станат наши лични причини за дејствување, ќе останеме сведоци на повторувања. Секој живот згаснат е потсетник дека болката не може да се игнорира. Тагата не се лечи со молк. Траумата не исчезнува со заборав.

Затоа, да ја признаеме оваа болка. Да ѝ дадеме име. Да ѝ дадеме простор. Да ја споделиме. Да учиме како заедно да тагуваме и како заедно да се лекуваме.

Завршен збор  од едно мајчино и професионално срце

Секоја тишина што ја чув таа ноќ беше полна со болка. Секоја свеќа запалена за дете беше пламен на една непроизнесена молитва. Како мајка тагувам. Како психолог  алармирам. Како човек  не молчам.

Тагата нема календар. Траумата нема часовник. Но има лек  човечноста. И надежта.Нека светлината на настраданите нè води кон посветол пат  оној каде нема да мораме да учиме преку болка, туку преку грижа, превенција и љубов.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button