NEWSВести

Трагедија во живо на Тикток – момче се удави одговарајќи на опасен предизвик со буре полнo со вода

Корисниците на Интернет во шок по уште една жртва на предизвик што се шири меѓу младите како вирус на Тик-ток.

Advertisement

Корисниците на Интернет повторно се потресени од трагедија, откако едно младо момче го загуби животот за време на Тик-ток пренос „во живо“, обидувајќи се да изведе опасен предизвик што вклучува скокање со глава во буре полно со вода.

Трагичниот настан се случи во живо пред десетици гледачи, кои во првите моменти мислеле дека сè е дел од перформансот.

Advertisement

Момчето, чии податоци сè уште не се официјално објавени, решило да учествува во предизвик кој во последно време се проширил на социјалните мрежи.

Тој скокнал со главата напред во големо буре со вода, без да може да се движи слободно во ограничениот простор.

Недостатокот на кислород и неможноста да исплива на површината довеле до тоа тој да почне да се бори за живот. И покрај неговите очајни обиди да се ослободи, не успеал.

Advertisement

Гледачите продолжиле да го следат, мислејќи дека сè уште сè тоа е дел од шоуто, сè додека не станало јасно дека ситуацијата е сериозна. Неколкумина алармирале во полиција, но за жал, било предоцна.

Овој инцидент повторно ги отвори прашањата за ризиците што ги носат виралните интернет трендови и колку далеку младите се подготвени да одат за внимание, лајкови и следбеници.

Семејството и пријателите на починатиот се во шок, додека онлајн заедницата реагира бурно, барајќи поголема контрола и свесност околу содржините што се шират на платформите.

Полицијата започнала истрага за целосно да ги разјасни околностите под кои се случила трагедијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button