Реклама
Вирално

Ова е семејството што загина во пожар во Нови Сад – голема трагедија, најмалото дете имаше само две години!

Загинаа родителите заедно со нивните четири деца од кои најмалото имаше две, а најстарото седум години

Реклама

Голема трагедија се случи во Нови Сад 

Во трагичниот пожар што се случи во населбата Салајка во Нови Сад настрадаа четири деца од две, четири, пет и седум години, заедно со нивните родители, пишуваат српските медиуми.

Пожарот започнал околу два часот по полноќ, а фотографиите од лице место беа објавени на страницата 192-рс.

Маркетинг

Како што јавуваат медиумите од соседството, се сомнева дека причина за пожарот е во електричната инсталација, односно дека се запалила батеријата од велосипедот што бил на полнач.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Несреќата се случила додека сите спиеле.

Целото семејство, сите шестмина што настрадаа спиеле во една просторија во куќа на улица Ѓорѓе Дере во населбата Салајка во Нови Сад.

Станува збор за Маја С (23) и Даниел (29) како и нивните четири деца од кои најмалото има две, а најстарото седум години.

Фото: Фејсбук

Маја и Даниел живееле скромно, се занимавале со собирање секундарни суровини. Од раните утрински часови целиот град е во тишина, завиен во црно по ваква трагедија! Вакво нешто никогаш не се случило, не можеме да дојдеме при себе, а веројатно долго време ќе бидеме во шок“, изјави еден комшија на настраданото семејство за српскиот Курир.

Фото: Фејсбук

Покрај нив живеел и таткото на Маја кој сакал да го сруши ѕидот што ги делел за да им помогне, но не успеал да ги спаси.

Инстаграм/ 192-рс

Како што јавуваат медиумите, тие врискале и барале помош, но несреќниот човек не успеал да го сруши ѕидот.

„Во еден момент повеќе ништо не се слушаше, ниту еден глас и тогаш се знаеше дека е сé готово, дека сите се мртви“, пишува „Курир.рс“.

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button