Наши ѕвезди
Трагедија во Македонија- меѓу загинатите се и тапанарот на бендот ДНК, Горги Горгиев и музичарот Филип Стевановски
advertisement

advert
Во синоќешниот стравичен пожар во дискотеката Пулс во Кочани меѓу загинатите се и тапанарот на ДНК Горги Горгиев (24) и музичарот Филип Стевановски, јавува регионалната телевизија „Стар“.

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на Фејсбук ја соопшти тажната вест за своите сограѓани.
„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…
реклама
Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.
Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, напиша Костадинов.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .