Реклама
MAMAБебиња

Трагедија на сурогат бебиња напуштени откако родителите се предомислиле – и момченце со Даунов синдром оставено од пар кој ја сакал само неговата сестра близначка

Бројни се случаите на предомислување на паровите за веќе роденото бебенце, а таков случај е и на момченцето Бејби Геми, кој го носела тајландска сурогат мајка за австралиски пар. Парот ја зел неговата сестра близначка, а не сакале да го земат и момченцето откако било откриено дека има Даунов синдром.

Реклама

Потрошеното време, патувањата, емоционалните мигови и трошоците за склучување договор за сурогат мајчинство со жена во друга земја може само да сугерираат дека бебето родено на крајот од процесот е многу посакувано дете.

Сепак, таа претпоставка се покажа трагично погрешна во шокантни случаи, кога родителите ги напуштија новороденчињата за кои тврдеа дека ги сакаат, кога околностите се промениле по раѓањето.

Бројни се случаите на предомислување на паровите за веќе роденото бебенце, а таков случај е и на момченцето Бејби Геми, кој го носела тајландска сурогат мајка за австралиски пар. Парот ја зел неговата сестра близначка, а не сакале да го земат и момченцето откако било откриено дека има Даунов синдром.

Маркетинг
Бејби Геми денес со биолошката мајка, фото Фејсбук

Сурогат-мајчинството, (кога жена раѓа бебе за друга личност или за пар), оваа недела повторно е во центарот на вниманието откако ѕвездата на „Емили во Париз“, Лили Колинс и нејзиниот сопруг Чарли Мекдауел го објавија раѓањето на нивната ќерка Тов.

Филмскиот режисер Мекдауел подоцна напиша емотивна објава на Инстаграм велејќи дека тие биле жртви на говор на омраза по пристигнувањето на новороденчето во нивниот дом. Но тие не се првите познати родители кои биле „под лупа“ поради користење на сурогат-мајка. Потсетуваме, и српската пејачка Марија Шерифовиќ е мајка на дете од сурогат-мајка.

Маркетинг

Процесот – легален во Велика Британија (од стапувањето на сила на Законот за сурогат мајчинство во 1985 година), вклучува сурогат-мајка која се подложува на ИВФ (ин витро) од донатор со сперма (тоа може да е таткото или донор).

За многумина, тоа обезбеди бесценета шанса за родителство, но не сите од јавноста гледаат позитивно на тоа. Најжестоките критичари одат дотаму што сугерираат дека тоа е вид на „шверц со луѓе“ и „богати луѓе што изнајмуваат женски тела“, пишува Дејли меил.

Тажната приказна на Бејби Геми

Во 2014 година, австралиската двојка Дејвид Џон Фарнел и Венју Венди Ли ѝ платиле на Тајланѓанката Патарамон Чанбуа, која живее 90 километри јужно од Бангкок, 16.000 американски долари за да биде нивна сурогат мајка.

Парот платил дополнителни 1673 американски долари кога за прв пат дознале – три месеци од бременоста – дека г-ѓа Чанбуа раѓа близнаци за нив.

Сепак, малкумина би предвиделе дека договорот ќе се распадне, и дека приказната на Геми ќе стане глобално позната, потресна вест.

Г-ѓа Чанбуа, тогаш имала само 21 година,  ги родила близнаците Пипа, девојче и Геми, но семејството Фарнел брзо се најде во центарот на критики зашто го напуштиле бебето Геми бидејќи новороденчето, родено предвреме, имало Даунов синдром и срцева болест.

Не долго по раѓањето, парот полетал од Тајланд и се врати во својот дом во Бунбери, Западна Австралија, но само со едно дете, Пипа, девојче кое се родило здраво.

Одлуката на семејството предизвика незадоволство во јавноста, а во деновите и неделите по неговото раѓање, малиот Геми беше префрлен во болницата Самитивј Срирача во Бангкок на специјалн нега.

Г-ѓа Чанбуа вети дека ќе се грижи за критично болното бебе што го родила, а родителите на Геми беа жестоко критикувани што го оставиле детенцето.

Биолошката мајка, која веќе имаше уште две деца на возраст од три и шест години – изјави за ABC дека ѝ е жал за бебето Геми.

„Ова беше вина на возрасните. А зошто тој да трпи вакво нешто иако не е негова вина?’ рече таа.

Бесот против австралиската двојка дополнително се разгори кога беше откриено дека г-дин Фарнел имал во минатото пресуди за сексуална злоупотреба на деца, кои датираат од 1980-тите.

Двојката брзо се најде во центарот на медиумска бура, криејќи се во својот дом додека новинарите и фотографите кампуваа надвор.

Г-дин Фарнел на крајот даде интервју за австралиската информативна програма 60 минути, велејќи ѝ на новинарката дека сите „нагони“ што ги имал за злоставување деца сега исчезнале.

Тој рече дека неговата ќерка „ќе биде 100 отсто безбедна. Ќе направам се на светот за да го заштитам моето девојче.’

Госпоѓа Фарнел со својата ќерка продолжи да живее мирен живот, а нејзиниот сопруг, Дејвид Фарнел почина во 2020 година по долго боледување.

принтскрин Јутјуб

Што се однесува до Геми, тој сега е познат по прекарот Греми и добива помош од австралиски донатори во Тајланд.

Повеќе од 240.000 долари беа донирани за поддршка на малото момче и неговата мајка и беа потрошени за да се купи постојан дом во кој ќе живеат.

„Доби нова куќа за живеење. Може да оди во градинка и да живее во подобри услови“, рече неговата биолошка мајка во едно интервју.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button