Крцкав во надворешниот дел со вкус на кокос, и мекан во внатрешноста со свежина на лимун – невообичаено, освежувачко и со преубав мирис.
Да, денес ќе ви покажеме како да направите тост кој ќе биде еден од најубавите, но и од најздравите тостови што сте ги пробале во животот. Исцедете го лимонот, ставете го сокот во сад за мерење и додадете млеко вкупно да добиете 1 дцл течност. Пресечете го стариот леб на парчиња со дебелина од 1,5 до 2 см. Во еден сад измешајте кокос и свежо изрендана кора од еден лимон. Во друг сад изматете јајца и шеќер, па додадете стопен путер и исцедениот лимон и млеко.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Парчињата леб макнете ги во смесата со јајца, па во садот со кокос и кората од лимон и направете го тоа со сите парчиња. Ставете ги во рерната, но во тавата претходно ставете хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, т.е. додека кокосот не добие румена боја.
Сварете чај и уживајте! !
Послужување
Послужете со топол чај со лимон и уживајте!
Препорака
Внимавајте да не го препечете кокосот
Потребни состојки
8 парчиња стар леб со дебелина од 1.5 до 2 сантиметри | 100 г кокос | 2 јајца | 60 г шеќер | 1 кесенце шеќер од лимун (или лажика од екстрат од лимон) | 50 г путер | 1 лимон и кора | Млеко до 1 децилитар, но заедно со лимоновиот сок