Рецепти

Торта „Мрзлива жена“

Реклама
Реклама

Оваа торта може да се најде во неколку варијанти, брза е, едноставна за правење и многу ја сакаат и децата и возрасните.

Маркетинг

Потребни состојки:

500 g    шлаг во прав
6 dcl    кисела вода од фрижидер
300 g    мелени бисквити
300 g    овошје или исечени крем бананки
1 кесичка капучино од ванила или 3 лажици еуро крем

Плус:

Маркетинг

200 g    шлаг во прав
1,5 dcl    кисела вода

Изматете 500 гр. шлаг со ладната кисела вода и поделе ја добиената смеса на три дела.
Во првиот дел додадете ги мелените бисквити и оваа смеса ставете ја во соодветна чинија и распоредете ја убаво да биде кора.
Во другиот дел додадете го овошјето (јагоди или малини) или исечените крем бананки.
Оваа смеса распоредете ја преку првата, односно кората.
Во третиот дел од шлагот додајте го капучиното или еуро кремот и ставете го преку вториот дел.
Изматете 200 гр. шлаг со 1, 5 дл. кисела вода и со добиената смеса прекријте ја тортата.
Оставете ја готовата торта во фрижидер убаво да се олади, а потоа послужете.

Извор: coolinarka.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button