Топлотен удар – како да си помогнете и да спречите сончаница
Според прогнозите во наредните денови потребно е да бидеме внимателни при изложувањето на сонце поради превисоките температури.
Претерано високите температури можат да влијаат негативно на здравјето на луѓето, да предизвикаат сончаница, проблеми со терморегулација, грчеви, ненадејни колабирања и пад на притисокот, главоболка, вртоглавица, пулсирање во градите и ушите, а во најлошите случи високите температури можат да бидат и опасни и по живот. Затоа овие денови треба да го избегнувате директното изложување на сонцето од 10 до 17 часот, да пиете доволно течности (вода или незасладени чаеви), пијалаци без алкохол, да носете лежерна облека, очила за сонце, шешир, да го намалите физичкиот напор, да се држите до сенките, да се разладувате со седење во постудени простории, да се туширате со млака вода …
Постарите и децата (и домашните миленици) не треба да ги оставате без надзор на сонце, да јадете храна богата со вода (свежо овошје, и зеленчук, супа, смути) Предупредувањата од страна на метеоролозите за високите температури треба да го следите постојано, а тука се и советите за заштита на здравјето од високите температури и од штетното УВ зрачење.
И секако, кога се зборува за заштита на здравјето од високите температура и заштита од УВ зрачење не треба да заборавиме дека посебно се загрозени децата, постарите, хронично болните и оние кои работат на отворени места.