Рецепти

Рецепт на денот: Топло чоколадо со тиква

Advertisement

Ова слатко задоволство ќе ви го разубави денот без разлика дали ќе одлучите да го јадете наутро како појадок, или во текот на денот како десерт или ужина.

Advertisement

Рецептот е многу едноставен, а ќе внесе фини и слатки промени во монотонијата на вашето секојдневно мени.

Состојки за 2 шолји:

200 гр. темна чоколада
1 шолја пире од тиква
1 лажица кокосово млеко (или бадемово, оризово или др. млеко по ваш избор)
¼ мала лажичка цимет
2 мали лажички сируп од агава (стевија или друг засладувач)

Advertisement

Подготовка: Загрејте вода во сад врз кој ќе поставите друг сад со искршените коцки чоколада. Вака чоколадата убаво ќе се растопи без да загори. Да го подготвите пирето од тиква исечкајте ја тиквата на парчиња и варете ја околу 15 минути, а потоа изматете ја со блендер за да добиете воедначена смеса и додадете го циметот. Во оваа смеса додадете ја чоколадата, сирупот од агава и лажица кокосово масло и се заедно загрејте во сад. На крајот можете да додадете и ливчиња свежо нане и сервирајте со бисквити.

Предлог песна за уживање со топло чоколадо … :)

{youtube}d5JuH6WlQa0{/youtube}

Извор: buro247.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button