Најдобрите јакни за оваа зима
Температурите се сé пониски, па ако се уште немате зимска јакна крајно време е да го изберете моделот кој покрај тоа што ќе ви држи топло, ќе ги украси и вашите модни комбинации во следниве неколку месеци. Што се однесува до нас, ние ви предлагаме да изберете „puffer“ јакна, односно кај нас попозната како монтка или јакна со пердуви.
Овие јакни беа во тренд во 90-тите но сега се враќаат на голема врата и тоа во сосема ново руво. Најпопуларни се „оверсајз“ моделите, а меѓу најпродаваните се и оние на кои јаката им продолжува во „пуфаст“ шал. Тие се топли и практични без разлика дали се полнети со пердуви или синтетички материјал, а можете да ги носите и во најразлични модни комбинации. Па доколку сте заинтересирани за една ваква јакна, во продолжение погледнете неколку модели што ги избравме од неколку познати продавници…
види повеќе » |