Реклама
Престиж

Топ 10 најбрзи мотори

Реклама

„Со овој пост се надеваме дека ќе ги импресионираме нашите машки читатели – ова е ексклузивна листа на 10 најбрзи супермотори!“

Маркетинг

Се напрегнавме „од петни жили“ и највисоко ниво, за да ги собереме овие информации, фотографии и видеа (од најразлични извори) и мислиме дека дојдовме до валиден резултат. Ако по некоја случајност се погоди да поседувате еден од овие playboy-и, најљубезно ќе ве замолиме да ни јавите или пишете и кажете какво е и вистинското чувство, при возењето на овие машини. Еве ја нашата листа на 10 најбрзи мотори во светот!

10.Ducati 848

Маркетинг

alt

Мотор: 849cc
Топ брзина: 262km/h
Tрансмисија: 6 брзини со кумплуг

Овој модел е замена за претходниот Ducati 749, тежи 166,5 kg. и беше претставен на јавноста во 2007г. Истиот модел од 2009г. е достапен во црвена и школка-бела варијанта. Моделов 848 дели повеќе карактеристики со 1198, од колку со споменатиот претходник, 749.
{youtube}OXeWoFEilrc{/youtube}

9.Aprilia RSV4

alt

Мотор: 999,6 cc.
Топ брзина: 281km/h.
Tрансмисија: 6 брзини со кумплуг

Ова е наследник на Aprilia 1000 R моделот, кој почна да се произведува во 2004г. Прв пат беше претставен на Интернационалната конвенција на Piaggio Group, во Milano, Италија. За време на првата сезона во Superbike натпреварувањето, Max Biaggi со овој модел се искачи на подиумот девет пати, а победи на трката во Brno, Чешка.
{youtube}qxE8TczUOsI{/youtube}

8. Suzuki GSX-R 750

alt

Мотор: со 4 комори и ликвиден ладилник
Топ брзина: 306 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини со автоматски менувач

Прв пат претставен на пазарот уште далечната 1985г. Suzuki GSX-R 750 има мотор со 4 комори, 750 cc. и тежи 196,5 kg. Лесно качува 300km/h, а моменталната цена му е околу 12 000$. Има одлична изработка на „телото“ и според многумина е најдобриот продукт било кога излезен од фабриките на Suzuki.
{youtube}2vm5M_xitb4{/youtube}

7. Yamaha YZR R1

alt

Мотор: Преден, паралелен 4 цилиндричен, DOHC, со ликвиден ладилник
Топ брзина: 297 km/h.
Tрансмисија: Константен 6 брзински менувач

Еден од најпознатите модели на Yamaha беше направен во 1998г. и претставуваше прв препознатлив и важен брзинец во класата до 1000 cc., во периодот на големата борба на Јапонските производители на мотори – големата четворка (Honda, Kawasaki, Suzuki и Yamaha). Кога беше претставен на пазарот, ја одведе класава најблиску до натпреварувачки и тркачки момент и дефинитивно ги зголеми севкупните можности.
{youtube}z0anm-9Ya2A{/youtube}

6. Ducati 1198R

alt

Мотор: 90 V дупол цилиндер, ликвиден ладилник
Топ брзина: 299 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини

Претставен во 2009, Ducati 1198R e наследник на Ducati 1098. Достапен е во црвена, црна и бела варијанта!
{youtube}FXwFacJdMf8{/youtube}

5. Kawasaki Ninja ZX-14 (Електронски лимитиран на 299km/h)

alt

Мотор: 1352 cc., 4 комори, ликвиден ладилник, DOHC
Топ брзина: 299 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини

Ова е во моментот најмоќниот модел на Кawasaki. Прв пат претставен во Tokyo, во 2005г. ZX-14 достигнува брзина од 100 km/h. за 2,5 секунди. Исто така познат и како ZZR 1400, може да помине четврт милја за 9,783 секунди.
{youtube}4Ewo1wep8oM{/youtube}

4. Kawasaki Ninja ZX 10R

alt

Мотор: 998 cc. со 4 цилиндари, ликвиден ладилник, DOHC
Toп брзина: 300 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини

Помеѓу осигурителните компании, овој моторцикл е познат како модел кој најмногу пати е краден – ова би требало доволно за говори за неговата популарност! Наследник е на ZX-9R спортскиот модел. Го карактеризира мала тежина и високи перформанси при минување во свијоци.
{youtube}0jNZk1tdCSs{/youtube}

3. Suzuki Hayabusa

alt

Мотор: 1340 cc. , 4 цилиндари, ликвиден ладилник, DOHC
Топ брзина: 303 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини со константен менувач

На нашето трето место се наоѓа супермоторциклот со име кое на Јапонски значи, сокол – птица која вообичаено се поврзува со достигнување на брзина од 290 km/h. Името му е дадено со цел, да биде како компетиција на Honda натпреварувачките модели – „Соколи“. Кога го претставија, во 1999г., Hayabusa му го зеде приматот на најбрз, на Хондиниот модел CBR 1100XX Super Blackbird. Првата генерација на Hayabusa беше наречена GSX1300R и имаше моќност од 1299 cc., a цената му е околу 12 000$.

{youtube}b5fZ45tc2Iw{/youtube}

2. Suzuki GSX-R1000

alt

Мотор: 999 cc. , 4 цилиндари, ликвиден ладилник, DOHC
Топ брзина: 299 km/h.
Tрансмисија: 6 брзини со константен менувач и заден лимитиран кумплуг

Претставен во 2001г. овој модел на Suzuki се смета за најбрз! Најголема брзина што ја достигнува е 299 km/h. Има карактеристики на двоен хидрауличен диск на кочниците од предната страна и една на задниот дел.
{youtube}7R1Mz4DCrh4{/youtube}

1.MTT Turbine Superbike Y2K

alt

Мотор: Rolls-Royce 250-C20 turbo shaft
Топ брзина: 365 km/h.
Трансмисија: 2 автоматски брзини

MTT Turbine Superbike, исто така познат и како Y2K Turbine Superbike е втор моторцикл во светот кој има турбински мотор, направен од Ted McIntyre of Marine Turbine Technologies Inc. Овој модел достигнува рекордна брзина од 365 km/h. , а цената му е 150 000$. Признат е од Guinness како „најбрз моторцикл од сериско производство“ и „најскап моторцикл од сериско производство“! За разлика од некои од Јапонските модели (како Hayabasa), овој нема лимит на брзината, па така достигна на првото место на нашава листа на Топ 10 најбрзи мотори.
{youtube}ZbC2wUs0BpY{/youtube}

altСтави во брзина!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button