Топ вежби за тело и цврст зaдник како на Гавазова – погледнете ги фотографиите, нејзините вежби се тешки и за многу мажи
Гавазова повторно ги изненади сите
Фолк-пејачката Сузана Гавазова своето тело го донесе до совршенство, а сега ја откри и тајната како успеа да го стегне и да го обликува вака.
Нашата позната фолк пејачка влезе во теретана и ги изненади оние што во тој момент беа на истото место.
Таа на својот профил на социјалните мрежи објави видео од кое можеме да видиме како вежба во теретана.
Облечена во хеланки и тесна маичка, Гавазова покажа дека со леснотија ги прави и најтешките вежби. Таа тренира неколку пати неделно, а вежбите што ги прави се специфични за бутовите и „позадината“.
Пејачката за време на тренингот правеше неколку различни вежби, а во еден момент во крупен кадар беше нејзината „позадина“ која изгледа онака како што изгледа благодарение токму на овие напорни вежби.
Гавазова очигледно сака да изгледа беспрекорно, па нема проблем да ги засука ракавите и да се испоти, а од нејзиниот тренинг дефинитивно можат да се засрамат и многу претставници на посилниот пол.
Таа е „strong women“, а напорните тренинзи и се исплаќаат што можеме да видиме и по бројните позитивни коментари.
Меѓу нив и водителката Анита Даева го коментираше видеото.
„Затоа си совршена“, и порача таа.
Гавазова на овој начин на своите обожаватели им даде мотив и тие да го направат истото, и не само затоа што пред нас е летото, туку и за да може секој да има здраво тело и здрав дух преку цела година.
Гавазова прави различни вежби, а некои од нив навистина изгледаат претешко и невозможна мисија за многумина.
Но затоа оваа мама никогаш не изгледала поубаво
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова