3 топ совети за како да се нашминкате пред фотографирање
Доколку припаѓате во групата на нефотогенични луѓе, тогаш не грижете се, не сте единствени.
Доколку припаѓате во групата на нефотогенични луѓе, тогаш не грижете се, не сте единствени. Но, барем можете да научите како подобро да позирате, односно како да се подготвите за фотографирање. Затоа, погледнете ги овие 3 топ совети за како да ги поправите најчестите грешки кои ги правите во текот на шминкањето непосредно пред фотографирањето.
1. Не ставате премногу пудра
На фотографијата која не е дигитално обработена, објективот, поради самата светлина, секогаш ќе ја прави кожата на лицето побледа, па затоа повеќето ставаат повеќе слоеви пудра кои на лицето изгледаат тешко. Но, тоа не е најдобриот избор. Доколку имате големи несовршености на лицето, одлучете се повеќе пудра да ставите токму на тие места, а не останатите делови ставете помалку, за да не изгледате како да носите маска.
2. Користете пудра која прави вашата кожа да изгледа влажна
Изберете полу мат текстура, за да избегнете вашето лице да изгледа масно и неправилностите повеќе да се гледаат на фотографијата.
3. Користете пудра во прав која во својот состав има силициум
Секогаш кога некој ве фотографира со блиц, а вие на својата Т она ставите премногу пудра која во својот состав ја има оваа состојка, ризикувате да изгледате премногу бело. Избегнувајте и наместо тоа одберете пудра без силициум.