Огласи
CelebrityFashionСтил

Топ моделот Бјанка Балти блесна на Сан Ремо без перика, се бори со рак на јајници – „модните агенции одбија да работат со мене поради болеста, но сакам да му покажам на светот колку е моќен мојот нов имиџ“

„Отчукување на срцето кое не се плаши да чука. Карактерот остава свој белег“.

advertisement
advert

Во Италија започна 75-тиот годишен фестивал на италијанска музика во Сан Ремо, а победникот на овој престижен фестивал ќе ја претставува Италија на Евровизија.

На бината се појави и топ моделот Бјанка Балти која моментално се лекува од рак на јајниците.

40-годишната манекенка промени четири модни изгледи во текот на настанот, и во секоја модна комбинација, иако не носеше перика, изгледаше преубаво.

реклама

„Ние жените сме пример за мажите“ – рече Бјанка на сцената на Сан Ремо.

Бјанка сподели со бројните следбеници на Инстаграм од нејзините модни изгледи на Сан Ремо и напиша – „Отчукување на срцето кое не се плаши да чука. Карактерот остава свој белег“.

Марpкетинг
фото-Бјанка Балти Инстаграм

Балти претходно изјави дека модните агенции одбиле да работат со неа откако ѝ бил дијагностициран рак.

„Сакав да им покажам ним и на светот колку е моќен мојот нов имиџ. Го открив потенцијалот на новата верзија од себе и повторно се почувствував важна“, сподели Бјанка на социјалните мрежи.

Во септември минатата година убавицата и топ моделка од светски глас Бјанка Балти објави дека ѝ бил дијагностициран рак на јајниците во трета фаза. Пред две години, манекенката беше подложена на двојна мастектомија за да го намали ризикот од развој на рак на дојка и јајници поради генетска предиспозиција. Потоа реши да не и ги отстрануваат јајниците бидејќи сакала уште деца. Балти моментално заврши со последната хемотерапија, но како што кажа самата – борбата со ракот продолжува.

Балти беше во брак двапати. Во 2007 година беше во брак со фотографот Кристијан Луциди и ја роди ќерката Матилда, но четири години подоцна се разведоа. Во 2015 година, Балти стана мајка по втор пат: со Метју Мекреј ја доби ќерката Миа. Тие се венчаа две години подоцна, но набрзо се разделија. Балти моментално е во врска со Алесандро Кутрера кој е нејзина голема поддршка во борбата со ракот.

Претходно, за Светскиот ден на ракот, 4 февруари, Гламур.мк пишуваше дека модното дуо Долче и Габана решија на своите следбеници да им ја раскажат искрената приказна за нејзината борба против тешката болест.

Таа пак, го покажа првиот и последниот ден од хемотерапијата и опиша колку ѝ бил тежок третманот, а денес е во ремисија, додека борбата продолжува понатаму.

фото- Бјанка Балти Инстаграм

„Бјанка, ти си мојот пример, бев на хемотерапија пред шест месеци и начинот на кој ти помина низ третманот, колку остана убава, ми стана пример за храброст. Кога се чувствував лошо, знаев дека не сум сама, дека наоколу има многу жени кои исто така се обидуваат да се опорават, а тоа ми помогна да не се откажам“, ѝ напиша една жена на Бјанка на социјалните мрежи.

„Болеста не е причина да не го живеете животот најдобро што можете“, напиша друга жена, која исто така, се бори против рак.

 

epp

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button