Нови макси фустани за долго и топло лето …
Оваа сезона кога се во прашање долгите фустани во мода се нежните свилени материјали, необичните исечоци кои ги откриваат рамениците, но и во пределот на половината, деколтето и грбот, а што се однесува до дезените присутни се цветните и графичките мотиви, како и неизбежните ремени, карнери и плиш.
За дамите кои сакаат да ги носат во дневна варијанта тука се неодоливите бохо фустани, како и раскошните фустани кои се благо плисирани и кои можете да ги носите со сандали со широки потпетици или рамни обувки кои исто така се во мода.
За елегантен женствен изглед можете да пробате свилен фустан со долги ракави, а за да го „подигнете“ вашиот изглед пробајте да носите марама врзана на половината и да ја заокружите комбинацијата со сандали со високи потпетици.
Кликнете тука или отворете ја галеријата што ви е дадена на крајот и погледнете ги цените на најубавите долги фустани за оваа сезона од Асос, Бершка и Манго.
Премини на следната страна >>