Топ мејкап трендови кои мораме да ги пробаме оваа есен
Есента е речиси тука и иако на сите ќе ни недостасуваат лежерните трендови кои ни ги наметна летото, сепак новата сезона носи неколку нови и возбудливи трендови.
Некои од најпопуларните make up трендови за оваа есен се:
СВЕТКАВ КРЕОН
Иако светките не се карактеристични за есенската сезона, сепак можат да се забележат на ревиите на „Fendi“ и „Tommy Hilfinger“. Овој тренд секогаш изгледа впечатливо и убаво, особено кога е во комбинација со црно моливче и сенка.
УСНИ ВО БОЈА НА ВИШНА
Еден од омилените трендови кај тренд-сетерките. Одговара на сите форми на усни и изгледа романтично и мистично.
БЛЕДО РОЗОВИ УСНИ
Сосема спротивен на претходниот но исто толку популарен тренд. Светло розевите кармини кои беа популарни во 2000те повторно се враќаат во мода.
Премини на следната страна >>