Топ кнот – спас за вашата коса од летните горештини
Првата помисла која секоја жена ја има кога температурите надвор ќе пораснат, е таа како да ја тргне косата од лицето.
Првата помисла која секоја жена ја има кога температурите надвор ќе пораснат, е таа како да ја тргне косата од лицето. Ако вашата коса е долга, тогаш сигурно се одлучувате да ја врзете во коњско опавче, да направите плетенка или пунџа, но последниот тренд кој го сугерираат бјути експертите и за кој не ви треба некоја посебна мака, са вика „топ кнот“.Најверојатно веќе сте го носеле во повеќе пригоди, но токму сега станува актуелен, со летната сезона.
Како да ја направите оваа фризура?
За да го постигнете овој изглед, нема многу голема филозофија. Подигнете ја вашата коса високо, како да направите високо коњско опавче, а потоа замотајте ја во пунџа која ќе ја зацврстите со ластик или шноли. Дури и ако ви излезе некој прамен од пунџата, не грижете се. Во мода е топ кнот кој е лежерен и лесно разбрануван, а со самото тоа идеален за летната сезона. Летната сезона е идеален за на плажа, но и за вечерни излегувања со летен фустан.