Според листата на 50 те најдобри фестивали во светот, направена од CNN, на неа се најдоа хрватските INmusic и Stop Making Sense, потоа српскиот Exit и унгарскиот Sziget фестивал.
Но, покрај нив, има уште многу кои се случуваат во наша близина, т.е. на европското копно, каде што, доколку сте љубител на музиката под отворено небо, ќе можете да уживате, потполно „искулирани“ и во друштво на илјадници луѓе како вас. Еве некои од тие „Топ 50 фестивали“ кои што ги издвоивме и кои ви ги препорачуваме да ги посететите. Па, одете, видете, вратите се и раскажете им на пријателите колку лудо сте си поминале. Вива ла музика!
INmusic, Загреб, Хрватска
INmusic е најголем open-air фестивал во Хрватска кој за прв пат се случи во 2005 година. Од тогаш секоја година привлекува околу 25.000 луѓе. До сега на овој фестивал имаат настапувано имињата како што се Franz Ferdinand, Lily Allen, Massive Attack и The Prodigy. Во 2008 година беше оценет како еден од најдобрите европски фестивали од страна на The Times. Оваа година главни ѕведи на фестивалот, кој ќе се одржи од 28 до 30 јули, се New Ordera, Mando Diaa i Plana B.
Stop Making Sense, Tисино од 2 до 6.8.
За овој фестивал во Тисно, CNN вели дека преставува она што порано го преставуваше фестивалот Sunset Strip на Ibiza. За оваа година ве очекуваат латино ритмови, модерен џезз и реге, т.е. легендите како: Sven Weisemann, Nick Höppner plus Lil’ Louis, Ron Trent and Chez Damier live
Open’er, Gdynia, Полска, од 4 до 7. 7.
Овој популарен фетивал се одржува на аеродромот во Gdynia, град на северното крајбрежје во Полска. Се одржува од 4 до 7 јули, а негова главна карактеристика е големиот број на артисти што настапуваат на овој фестивал. За годинава главни се Bjork, Bloc Party, Public Enemy, New Order и The Kills.
Roskilde, Kopenhagen, Данска, од 5 до 8. 7.
Roskilde фестивалот во Данска е еден од најголемите европски музички фестивали. Прв пат е одржан во 1971 година. Се одржува од 5 до 8 јули, а оваа година настапуваа Bjork, The Cure i The Roots. Покрај добрата музика можете да уживате и во скејтбординг, гледање добри филмови, пливање, ловење риба…
Покрај ова, организаторите на овој сајт сите свои приходи ги даваат во добротворна цел.
Exit, Нови Сад, Србија, од 12 до 15. 7.
Exit се одржува во Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Во 2003 година овој фестивал беше продолжен од 3 дена на 4, а годинава ќе се одржи од 12 до 15 јули. До сега на овој фестивал имаат настапено Fatboy Slim, The White Stripes, Lily Allen, Placebo и The Chemical Brothers, а за годинава публиката ќе ужива во звуците на Duran Durana, Plana B, The Toy Dollsa, Guns N’Rosesa i New Ordera
Benicassim, Шпанија, од 12 до 15. 7.
Benicassim е мал приморски град кој што се наоѓа помеѓу Барселона и Валенсија. Фестивалот традиционално се одржува во средината на јули, т.е. за оваа година од 12 до 15 јули. Музиката на овој фестивал претежно е електронска и алтернативен рок, а најголема предност на фестивалот е тоа што нема „милиционерско“ ограничување. Музиката започнува во 17 часот и трае до 8 часот наутро. Исто така во близина имате и плажа, каде ќе можете да здивнете по целовечерниот пир.
Оваа година ќе настапуваат Bob Dylan, Noel Gallagher i The Vaccines
Boom, Idanha-a-Nova, Португалија, од 28. 7. до 4. 8.
Овој фестивал најпрво започна како електронска забава, но денес тој преставува фестивал на музиката и уметноста, но и место каде можете да се опуштите со јога. Истиот е пофален од страна на ОН поради својот пристап кон еколошката средина, а се случува од 28 јули до 8 август.
Wacken Open Air, Schleswig-Holstein, Германија од 2 до 4. 8.
Од минатата година Wacken Open Air фестивалот стана еден од најголемите хеви метал фестивали во светот, на кој што имаше повеќе од 75000 луѓе. Оваа година се надеваме дека тие повторно ќе го постигнат својот рекорд со бендови како Machine Head, Napalm Death i Sepulturu. Годинава тој ќе се случи од 2 до 4 август. На фестивалот можете да уживате во активности како што се преправање во Викинзи и фрлање на секира во Wackinger селото.
Sziget, Budimpešta, Унгарија, од 6 до 12. 8.
Sziget се одржува во Будимпешта и трае седум дена! Оваа година ќе се одржи од 6 до 11 и ќе учествуваат бендови како Korn, The Stone Roses, The Ting Tings, LMFAO. Се случува на островот на Дунав, каде што можете да се забавувате во многубројните активности, како што се фудбал, веслање, џампинг, кино.. а што се однесува до цените, тие се многу поволни за било што на островот.
Way Out West, Goteborg, Шведска, од 9 до 11. 8.
Овој фестивал се одвива во паркот Slottskogen кој што е опкружен со пабови и клубови. Блур и годинава ќе настапуваат на овој фестивал, а истиот ќе се случува од 9 до 11 август.
Berlin Festival, Берлин, Германија од 7 до 8. 9.
Популарниот Берлински фестивал кој се случува на почетокот на есента, се случува во напуштен аеродромски хангар. Перформанси, диско ритам, музички шоуа.. оваа година на 7 и 8 септември ќе настапуваат ќе настапуваат Kate Nash, Orbital и DonApart.
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.