Кога станува збор за нашите нокти, секогаш сме во потрага по нешто ново, особено преку есенскиот и зимскиот период кога со изборот на вистинската боја на лакови за нокти можеме да ги разиграме и најмонотоните комбинации.
Оваа есен и зима во мода ќе бидат најразлични маникири, и покрај еднобојните, во мода се и ригите, точките, украсите со светки, па дури и францускиот маникир кој сега го фураат во контрастни бои. Темните нијанси најчесто се резервирани за зимските месеци бидејќи одлично стојат со дебелите волнени блузи, а годинава во мода се темнозелените, темноцрвените и сите нијанси на сивата боја. Tука се и коралната и популарната бургунди боја, но и сребрените и златните металик нијанси кои се хит веќе неколку сезони.
НАШ ПРЕДЛОГ
Наш предлог за ова есен и зима е да ги пробате новите нијанси од комплетот Studio – 3 Step Manicure System од познатиот козметички бренд Seventeen. Станува збор за долготраен маникир во три чекори и во тренди бои во кои ќе се вљубите на прв поглед. Комплетот дава совршен резултат со двапати поголема трајност, исклучителен сјај и значително намалување на времето кое ви е потребно за сушење на лакот.
Се користи така што најпрво се нанесува прајмерот STUDIO Chip Resist што ја израмнува површината на ноктот и ја зголемува и отпорноста на ноктите и траењето на маникирот. Потоа со специјално дизајнираната четка нанесете два слоја од лакот за нокти The STUDIO Rapid Dry Lasting Color во вашата омилена боја за новата есенска сезона која ќе одговара со бојата на вашиот кармин и која ви гарантира совршен резултат и екстра брзо сушење. И на крајот, заштитете ја бојата со безбојниот лак (the STUDIO Rapid Shield Top Shine) кој дава екстра сјај и овозможува маникирот да трае двапати подолго.
види повеќе » |