Реклама
Хороскоп

Седум работи што НЕ смеете да и ги кажете на Шкорпија

Реклама

Шкорпијата е осми астролошки знак во зодијакот. Тие се најосветољубив, најсилен и најмоќен знак. Дури и кога се навидум смирени и под самоконтрола, постои скриен интензитет на емоционална енергија под спокојната надворешност.

scorpio box

1. Зошто си толку напрегната?

Маркетинг

Не постои ништо умерено кај Шкорпиите. Или ве сакаат или ве мразат; не постојат сиви зони. Нивниот внатрешен интензитет може да резултира во ледена самоконтрола и издвоеност. Нив ги привлекуваат сите професии кои изискуваат квалитетна интензивна анализа, истрага, истражување, справување со практични нешта и решавање мистерии.

 

Маркетинг

2. Зошто не можеш да простиш и да заборавиш?

Никој не памти непријателство и не држи злоба подолготрајно од Шкорпијата. Ако им ја изневерите довербата, дури и на најслатката Шкорпија, најверојатно, ќе ù биде тешко да заборави – а тие ќе ви вратат и ќе ви се осветат, на крајот. Шкорпијата никогаш нема да прости, или да се заборави, кога некој ќе ù згреши, а бидејќи имаат огромно трпение, може да чекаат долго, долго време пред да се одмаздат. Велат дека ако изгребете автомобил на една Шкорпија, за одмазда очекувајте да ви ја запали куќата! Затоа, внимавајте.

scropio3

Џулија Робертс (октомври 28, 1967)

3. Верувај ми

Антените на Шкорпијата се исправаат во истиот миг која некој ù го вели тоа. Сепак, и покрај недостатокот на доверба во речиси сите, Шкорпиите ќе сакаат да знаат сè. Затоа, информирајте ги. Тие мразат изненадување, особено ако тоа ги вклучува нив. Подобро е да ја подобрите вашата лојалност кон Шкорпијата, отколку да викате за тоа од покривот на цел глас.

4. Мојот начин е најдобар начин

Шкорпиите имаат способност да ги средат работите… на нивниот начин. Нема да кажат ништо кога ќе најавите дека вие ќе ги средите работите, но може да бидете сигурни дека Шкорпијата си вели во себе си: „Како да не.“ Не е далеку од вистината дека Шкорпијата е перфекционист во традиционална смисла, ама е опсесивен фанатик за:

1) да ги среди работите и 2.) да ги среди на НЕЈЗИН начин.

scropio2

Ален Делон (ноември 8, 1935)

5. Имаш ГОЛЕМО его!

Постои фасцинантна легендата за Шкорпијата: Ако ја сотрете во ќошот без да ù овозможите начин за бегство, таа самата ќе се боцне со осилото до смрт. Пораката е дека Шкорпија претпочита да се уништи себеси и да оди во пламен од своја рака – буквално или психолошки – отколку да се покори на туѓ ултиматум или контрола. Повторно станува збор за таа нејзина гордост или, како што некој рекол: „Подобро да се царува во пеколот, отколку да се служи на небесата.“

6. Сигурен сум дека не си љубоморна !!!

Ќе го негира тоа сè додека не се вцрви во лицето, ама љубомората е една од најсилните особини што ја разоткриваат. Најдете Шкорпија која е апатична и однадвор покорна, но ќе видите некој кој се јаде од внатре со фуриозна огорченост и љубомора. Шкорпијата нема илузии за животот.

scropio1

Грејс Кели (ноември 12, 1929)

7. НЕ

Шкорпијата е голем тепач и закачко. Мрази да слушне ‘не’ и често се преправа дека не го слушнала тоа. Овој аспект, за жал, прави многу Шкорпии да бидат опседнати со врски што се токсични. Нивната гордост не им овозможува грациозно да се повлечат или да простат. Освен ако тие не се оние кои ја прекинуваат врската – тоа е во ред, ама подобро е да не слушнат ‘не’ од вас!

Поврзани теми: Рак, Бик

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button