Реклама
ПарфемиШопинг

Топ 5 најпродавани женски парфеми во 2024 – Префинети, мистериозни, нежни или пресилни…но, на нивната миризба не ѝ одолеаја жените

Еве ја топ 5 листата на најбарани женски парфеми во изминатата година, со тенденција да ги задржат водечките места (во топ 10 листата) и во 2025 година. 

Реклама

Во морето од парфеми, 5 парфеми доминираа во продажбата во 2024 година, бидејќи нудат совршен баланс меѓу квалитет и естетика, што ги прави многу сакани и барани на глобално ниво.

ТОП 5.

YSL Black Opium Eau de Parfum

Што го прави популарен? YSL Black Opium е еден од најпопуларните и најпродаваните парфеми во светот, а се пласираше на топ 5 место во продажба во 2024 година.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by The Perfume Shop (@theperfumeshop)

Маркетинг

Со ноти на кафе, ванила и мошус, Black Opium создава контраст меѓу енергичните и топлите компоненти, што го прави идеален за вечерни излегувања и посебни пригоди.

Опишан е како парфем за жени кои сакаат да изгледаат мистериозно и привлечно.

ТОП 4.

Valentino Donna Born In Roma Coral Fantasy Eau de Parfum

Што го прави популарен? Valentino Donna Born In Roma Coral Fantasy комбинира мирис на цветови, овошје и суптилни дрвени ноти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flove online store (@flove.mv)

Со својата освежителна и светла арома, овој парфем е совршен за дневни излегувања, но исто така е доволно елегантен и за вечерни прилики. Неговата свежина и цветен карактер привлекуваат жени кои сакаат мириси кои се енергични и многу силни, туку нежни и привлечно пријатни.

ТОП 3.

Parfums de Marly Delina Exclusif Parfum

Што го прави популарен? Delina Exclusif е луксузен парфем кој го комбинира богатството на роза, ванила, и темен мошус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝒥 ♡ (@candle.obsessed_xo)

Се карактеризира со својата долготрајност и интензивност, што го прави идеален за вечерни излегувања, а особено е погоден за есенските и зимски месеци. Со својата ексклузивна и егзотична арома, ова е парфем кој привлекува внимание и остава силен впечаток, па оттука се најде број 3 во продажба во 2024 година.

ТОП 2.

Prada Paradoxe Eau de Parfum

Што го прави популарен? Prada Paradoxe е парфем кој ги комбинира современите трендови со класичната елеганција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada Beauty (@pradabeauty)

Составен е од ноти на портокал, амбер и ванила. Овој парфем е нежен и елегантен, но и модерен и интензивен, што го прави многу популарен кај жените. Се смета за одличен парфем за секојдневно носење, но исто така и за вечерни излегувања.

ТОП 1.

YSL Libre Intense Eau de Parfum

Што го прави популарен? YSL Libre Intense е поинтензивната верзија на оригиналниот Libre парфем. Овој парфем комбинира мириси на лаванда и цветови на портокал, а додадена е и ванила што ја прави аромата поинтензивна и мистериозна.

За жените кои сакаат помалку класичен и посебно смел парфем, Libre Intense е одличен избор. Совршен е за вечерни излегувања и посебни прилики.

Зошто овие парфеми се популарни?

Современ и уникатен дизајн: Сите овие парфеми имаат современ и иновативен дизајн што го привлекува вниманието на жените кои бараат нешто ново, но и сè уште се во потрага на елегантни и уникатни мириси.

Моќни и изразени мириси: Овие парфеми комбинираат различни компоненти како кафе, ванила, роза, и цветови, што дава широка палета на мириси кои се адаптираат на различни преференции и пригоди.

Долготрајност и интензивност: Сите овие парфеми се познати по својата долготрајност, што е клучен фактор за нивната популарност. Жените ги сакаат заради тоа што можат да ги „носат“ цел ден, а мирисот не исчезнува лесно.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button