Шминка

Топ 5 евтини шминки кои ги обожаваат нашите мејк-ап артисти

Advertisement

Покрај скапите шминки, козметичките чанти на познатите шминкери многу често содржат и некои нивни омилени производи кои можат да се најдат по многу пристапни цени. 

Advertisement

Еве неколку производи кои тие ги обожаваат!

Поразговаравме со неколку наши познати шминкери, а исто така и ги разгледавме советите на најпознатите светски мејк-ап артисти и она што откривме е прилично интересно. Имено, според нив многу често се случува некои од поевтините козметички производи да се покажат како многу подобри од поскапите, од кои некои се добри само за реклама и кревање прашина во медиумите, но не и за шминкање. Еве кои се нивните омилени производи:

Advertisement

Туш за очи NYX Gel Liner and Smudger

Станува збор за вистински хит меѓу најпознатите светски мејк-ап артисти. Се нанесува едноставно и неговиот квалитет, според добро упатените, е многу подобар од оној на многу попознати и поскапи козметички брендови.

Кликни тука и порачај го овој производ »

Мат кармин Matte Lasting Lipstick

Овој производ е легенда на нашиот пазар и навистина се надеваме дека секоја девојка веќе го има во својот несесер! Не содржи парабени, ги хидратизира усните, а неговиот класичен изглед ќе ве освои на прв поглед. Главни предности на карминот – неговата долготрајност како и прекрасните нови нијанси кои ќе ги обожавате!

Кликни тука и порачај го овој производ»

Magna Lash од Radiant Professional

Да, ова е нова маскара на нашиот пазар која едноставно МОРАТЕ да ја пробате! Таа полека но сигурно го зазема своето заслужено место во козметичките несесери на мејк-ап артистите, а дали знаете зошто? Па, затоа што не содржи ништо претерано. Изгледа класично и ги бои трепките како ниту една друга маскара, а со прецизната четкичка многу лесно ќе направите големи волуменизирани трепки. Покрај тоа што е совршена за секојдневна шминка, со неа можете и за релативно кратко време да направите ефект на вештачки трепки.

Крем за тонирање – Lasting Finish, Rimmel

Прекрасен производ кој можете да го користите во вашата секојдневна шминка и кој познатите мејк-ап артисти од целиот свет го избираат како број еден за девојките кои преферираат лежерен природен изглед. Производот не е со густа текстура, но совршено ги сокрива сите недостатоци и ќе направи вашиот тен да изгледа идеално.

Кликни тука и порачај го овој производ »

Моливче за веѓи Brow Elegance All Day Precision Liner

Постои уште еден производ кој е достапен и на нашиот пазар и кој едноставно морате да го пробате. Станува збор за новото моливчето за веѓи „Brow Elegance All Day Precision Liner“ од Seventeen (повеќе за овој производ можете да прочитате тука) со кое многу лесно ќе добиете убаво обликувани веѓи, со природен или истакнат ефект, во зависност од индивидуалните карактеристики на вашето лице. Достапен е во шест интензивни бои, со долготраен ефект и е потполно стабилен на високи температури. Покрај преубавите нијанси тука е и специјално обликуваната четка за совршено нанесување на пудрестата текстура. Производот е офталмолошки тестиран, без парабени, и што можеби е најважно, и покрај високиот квалитет на производот, истиот може да се набави по крајно поволна цена.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button