Нови есенски вибрации
Полека но сигурно преминуваме во новата сезона, а преодниот период како и секогаш по малку ги враќа на сцената и пролетните трендови. И додека со нив се збогуваме, новите трендови срамежливо почнуваат да ни се појавуваат, а некои од нив веќе многу ветуваат и ни најавуваат што е она што ќе биде ИН во следниот период. Во продолжение погледнете кои се трендовите кои според нас ќе бидат многу повеќе присутни на нашите улици до следниот март.
БОЈА НА ВИНО
Тренд кој по малку изгледа како да го позајмивме од пролетните денови, но кој дефинитивно ќе биде еден од водечките и оваа сезона.
КОМБИНЕЗОНИ
Да, овие шик парчиња не одат никаде и оваа есен, а меѓу нив најбарани се моделите со спуштени раменици и отворен грб!
МЕТАЛИК
Да, металик парчиња се хит за оваа сезона, особено плисираните металик здолништа и особено кога сакате да бидете во центарот на вниманието. Kликнете тука или отворете ја галеријата што следува и погледнете ги и нашите шопинг предлози за оваа недела.
види повеќе » |