„ОК, најверојатно никогаш нема да поседуваме ниедна од коливе – освен ако не добиеме на лото или не влеземе во политика….“ Но не разочарувајте се веднаш! Можеби ќе налетате на некоја ваква или слична, на полициска аукција на која се продаваат запленети коли од осудени прекршители на закон, по иста цена како и Fiesta од ’98г. Или во секој случај, ништо не нé чини да сонуваме, нели? Еве го нашиот избор на Топ 10 автомобили на последната декада. 10. Saleen S7 Twin Turbo
Топ брзина – 399km/h.
0 – 100 km , за 2,8 секунди.
Steve Saleen ја претстави оваа лимитирана едиција, рачно изработена, на 19 Август, 2000г. До 2004г. имаше 7 литарски V8 мотор, со 550 коњски сили. Од 2005г. беше заменет со дупол турбо, која го имаше истиот мотор (но со споменатиот Twin Turbo систем) и со 750 коњски сили.
Базичната цена за S7 беше околу 430 000 евра и беше продуциран во 2005 и 2006 година, во крајно лимитирана едиција.
9. Mercedes Benz SLR 722
Топ брзина – 337km/h.
0 – 100 km za 3, 6 секунди.
Серијата SLR стартуваше во 2004г. од Mercedes Benz и McLaren. Пет варијанти од фамилијата SLR беа направени – две купеа, две со подвижен покрив и конечно SLR Stirling Moss, кој е во најлимитирана продикција – постојат само 75.
Цената на регуларниот SLR е околу 360 00 евра, а ограничената Stirling Moss верзија ланската година се продаваше по неверојатни 730 00 евра.
8. Aston Martin DBS
Топ брзина –307km/h.
0 – 100 km за 4,2 секунди.
Овој модел беше лансиран во 2007г. Изработката е рачна и има V12 мотор која развива силина од 501 коња. Како дополнување на купе верзијата, направена е и друга поконвертибилна, наречена Volante, која беше претставена ланската година.
Базичната цена на овој автомобил почнува со 200 000 евра, што го прави еден од најевтините на оваа листа.
7. SSC Ultimate Aero
Топ брзина – 434km/h.
0 – 100 km за 2, 8 секунди.
Моќта му доаѓа од 6,4 литарски дупол турбо мотор – V8 – кој има 1 287 коњски сили. Да се запре колата при брзина од 400km/h не е лесна работа, па така во моделот од 2009г. беа вградени и воздушни сопирачки.
Моделот од 2008г. има 1 183 коњски сили и успешно го држи местото – „најбрза кола на светот“. Сега со додатни 104 коњски сили, го прави уште потежок за конкуренцијата да му ја одземе ова титула. Покрај оваа титула за најбрз, овој автомобил не импресионира толку како останатите од оваа листа!
6. Lamborghini Reventon
Топ брзина –340km/h.
0-100 km за 3,3 секунди
Базиран на Murcielago, овој автомобил инспириран од млазен авион е многу редок. Lamborgini произведоа само 20 коли од овој модел (плус една за музејот на Lamborgini).
Цената му е рамно 1 милион евра.
5. Koenigsegg CCXR
Топ брзина – 400 + km/h.
0 – 100km за 3,1 секунди.
CCRX е првиот „зелен“ супер автомобил. Работи на бензин, со 4,7 литарски дупол турбо мотор и има силина од 806 коња. Кога работи на E85 био-гориво, развива неверојатно 1 018 коњски сили.
Цената му е 870 00 евра.
4. Pagani Zonda Cinque
Топ брзина – 350km/h.
0 – 100 km за 3,4 секунди.
Pagani го претстави овој модел во 1999г. и од тогаш се направени 115 Zonda модели. Најврвен се смета моделот Zonda Cinque, која е лимитирана на само 10 модели (5 со тврд и 5 со мек покрив – кабрио). Работи со V12 мотор, кој продуцира 678 коњски сили.
Сите коли се продадени многу бргу, со почетна цена од 1,3 милиона евра.
3. Porsche Carrera GT
Топ брзина – 330km/h.
0 – 100 km за 3,9 секунди.
Помеѓу 2004 и 2006 година се направени1 270 копии на овој ултра пожелен автомобил. Базичната цена му беше 320 00 евра. Бројките на перформанси кај Porsche секогаш биле скромни. Тестовите на пат покажуваат дека забрзувањето од 0 до 100 километри се достигнува за 6 секунди. Но без разлика на тоа, оваа кола од секогаш се наоѓа на самиот врв на желба кај љубителите на спортски супер автомобили.
Има гласини дека Porsche работат на наследник на CGT, кој треба да се појави во јавност оваа или наредната година.
2. Ferrari Enzo
Топ брзина – 350km/h.
0 – 100 km за 3,3 секунди.
Именуван по основачот на компанијата, Enzo е еден од најмоќните природно аспирирани продуцирани автомобили. Ferrari направи 400 копии од оваа кола, од кои 349 беа продадени дури пред моделот да влезе во производство.
Базичната цена на Enzo беше 490 000 евра, а денес истите тие модели достигнуваат цена и по повеќе од 1 милион (станува збор за втора рака, да се разбереме).
1. Bugatti Veyron
Топ брзина – 407km/h.
0 -100 km за 2,5 секунди.
Veyron е најзборената супер-кола на оваа декада – и тоа со причина! Продажбата и започна во 2005г. по цена од 1,1 милион евра и околу 300 ’парчиња‘ беа продадени. Според рапортите, секоја кола е продадена со голема финансиска загуба и покрај високата цена. Комплетната продукција е 300 копии, плус лимитираната едиција.
Jeremy Clarkson (Англиски новинар и писател, специјализиран за мотористика и конкретно – автомобили) ја има наречено: „Најголемото и најдобро инженерско парче. Не, се извинувам, оваа е НАЈ, НАЈ колата било кога направена и што воопшто ќе биде направена во нашиот живот.“
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!