Реклама
Престиж

Топ 10 модели на Ферари во кои вреди да се инвестира

Реклама

Според анализите и статистичките податоци, пазарот на класични автомобили има пораснато за цели 395 % во последните 10 години, со што на крајот од 2012г. ги надмина златото, уметничките дела и виното.

Само минатата година пазарот за ваков тип на коли пораснал за цели 23 %.. Задоволувањето на ваквите барања е резултатот на растот на одредени економии и нивната желба за луксузни автомобили, во кои пред се предничат Русија, Кина и Јужна Америка.

Маркетинг

А на самиот врв на брендови кои се најбарани, убедливо го зазема Ферари, иако и класичните модели на Мерцедес и Астон Мартин исто така имаат солиден бенефит. Како и да е, моделите на Ферари се постојано на врвот на листата за аукции – секоја година! Два модели на  Тестароса 250 од 1957, беа продадени во 2009-та и 2011-та, а цената која ја достигнаа заедно е неверојатни €30 милиони, што е убедлив светски рекорд. Најскапа кола на аукција во 2013г. повторно беше Ферари, овој пат моделот од 1953г. – 340/375 Берлинета, која се продаде за само нешто помалку од €10 милиони.

Маркетинг

А една од причините за големиот интерес и ’новопронајдената‘ љубов кај многумина за класичните автомобили – освен престижот и безвременската убавина – е и фактот што тие не спаѓаат во оној дел на луксузни поседи за кои се плаќа голем данок, туку напротив, комплетно се ослободени од оваа главоболка. Според законот на скоро сите држави, тие спаѓаат во посед постар од 50 години (колку што се смета дека им е векот на траење) и за нив нема никакви давачки, за разлика на пример, ако се решите да купите некоја вазна од династијата Минг.

Па така, престижниот магазин Форбс ја објави листата на Топ 10 модели на Ферари, во кои најмногу вреди да се инвестира, кои во иднина во секој случај само ќе ја зголемуваат својата цена.  

Види ја целата галерија тука »

2006 Ferrari 599 GTO, 2009 Ferrari 458, 1984 Ferrari 288, 2012 Ferrari F12 Berlinetta, 1957 Ferrari 250 TR, 1967 Ferrari 275 GTB/4, 1971 Dino 246 GTS., 1970 Ferrari 365 GTS Daytona, 1964 Ferrari 250 GT Lusso, 1962 Ferrari 250 GTO
       
Текстот е преземен од страната на Financial Times.

Врати се горе »

Поврзано

Back to top button