CelebrityНаши ѕвезди

Тони Михајловски со емотивна исповед за синот – „Најдовме начин како да го подобриме односот“ (Видео)

Advertisement

Актерот Тони Михајловски отворено проговори за комплексниот и со години чувствителен однос со својот постар син Александар, со кого долго време имал дистанциран однос.

Во поткастот на Стефан Лазаров, каде гостуваше заедно со Игор Џамбазов, разговорот, покрај кариерата и долгогодишното пријателство, допре и до најинтимните животни теми – татковството, пороците и личната одговорност.

Advertisement

Темата за односот меѓу Тони и Александар беше отворена откако Лазаров потсети на претходното гостување на синот, познат и по прекарот „Хонда“, кој тогаш јавно зборуваше за чувството на отсуство на таткова фигура во дел од своето детство.

„Кога беше тука Хонда, спомна дека си му фалел како улога на татко во еден дел од живот“, му посочи Лазаров на Михајловски.

Во своето гостување пред неколку месеци, Александар искрено изјави: „Сум имал моменти кајшто, на пример, во секојдневието ми фалело. Ете, никогаш не сум бил на одмор со моите. Кога станав актер, сфатив зашто татко ми бил толку отсутен“.

Тони Михајловски, кој внимателно го следел разговорот на својот син, одговори со емотивна, но трезвена рефлексија за сопствената улога како родител:

„Ја, отсекогаш моите два сина, постариот и помалиот, ги учам на тоа дека треба да го кажат тоа што го мислат, да бидат свои луѓе, дека не треба да затскриваат ништо и дека треба да размислуваат со сопствена глава.

И мене ми фали тој период, не само на него, меѓутоа успеавме, некако, ваљда низ годините да ги компензираме работите, па успеавме да изградиме еден многу здрав однос со Александар.

Ние сме другари, пред сè, па после колеги, па потоа, дури на трето место доаѓа татковството, затоа што татко може да биде секој, да се направи дете и не е многу тешка работа.

„Но да бидеш човек“, како што вика во „Варвари“ една реплика ликот што го играм јас, „е тоа е татко“.

Има многу татковци, но не се сите на нивото што треба да бидат“.

На темата се надоврза и Игор Џамбазов, кој низ личен пример ја илустрираше реалноста на генерациите израснати со родители целосно посветени на работата: „Што мислиш, дека татко ми Џамбаз имал време за мене кога сум бил мал? Па, ја не го гледав“.

Михајловски ја продолжи мислата, повлекувајќи паралела со сопственото детство: „Татко ми беше тракториста, па ни ја не го гледав. На пример, она што Александар сега го сфаќа дека со својата работа, и он тоа и го кажа, нели, дека и он сега разбира што значи да се нема време, да не можеш да се посветиш на она што ти е тука пред очи. Ние успеавме да станеме другари, успеавме да си ја изградиме вистината, секогаш може да ми каже што мисли, знае дека јас сум му најдобриот другар во светот, дека никогаш нема да го зезнам за три работи на коишто секој другар ќе киксне. Тоа се женска, пари и позиција. За тие работи од мене е безбеден“.

Џамбазов дополнително откри дека Михајловски бил доследен и правичен татко, дури и во моменти кога Александар се соочувал со лични предизвици.

„Се обиде еднаш двапати да му помогне и го стави на чекање, на листа. Не на игнор, туку на стенд бај го стави. Ми викам: ‘Што праиш бе?’, и Тони ми вика: ‘Остај го бе, нека види, како ќе научи…’.

И после стварно се случи тоа, само еден ‘свич’ му се деси на Хонда и он е сега пример, како што ја бев пример од моето време, Хонда е пример од ова време како можеш да се подобриш себеси,“ раскажа Џамбазов.

Во завршницата, Михајловски се осврна и на сопствената борба со пороците, потенцирајќи ја важноста на личниот пример: „Јас сум кажал – Џамбаз највише ги има повредено блиските околу себе, ја исто со моите испади. Јас исто сум се изборил со своите пороци и бадијала би било да сум му зборел на синот, ако јас не го чујам внатрешниот глас“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button