Наши ѕвезди

Тони блескаше во НАЈУБАВОТО друштво, тие се неговото НАЈГОЛЕМО богатство – никогаш не бил посреќен

Еве како саканата сопруга, синот, снаата и внукот го изненадија Тони Михајловски

Advertisement

Ова беше посебен ден за познатиот актер

Нашиот познат актер Тони Михајловски сподели неколку интересни фотографии со кои многумина воодушеви.

Advertisement

Имено, на Тони му беше роденден, па тој цел ден добиваше честитки како од пријателите, така и од своите ученици.

Инстаграм/ Тони Михајловски

Тие го изненадија и со торта, а Тони беше пресреќен што овие млади и талентирани дечиња го изненадија.

Advertisement

„Среќен роденден професоре. Да ви биде денот полн со толку смеа, колку што ние правевме грешки на часови“, беше една од многуте роденденски пораки што омилениот професор ги доби од своите ученици.

Инстаграм/ Тони Михајловски

Преубава порака си доби и од сопругата, но и од синот Александар Михајловски кој во својот стил му го честиташе.

Имено, Михајловски „џуниор“ сподели снимка од Рики Бандаж, па ги насмеа сите со пораката што ја објави:

„Тонка, легендо, среќен роденден, да си ми жив и здрав уште 100 години“, вели Александар на почеток до видеото во кое што го глуми Рики Бандаж, најпознатиот маалски мангуп на нашиот Инстаграм.

Инстаграм/ Тони Михајловски

Тој потоа сподели и една снимка на која ја глуми Цеца Фит, а како изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Тони Михајловски

Потсетуваме, Тони е роден на 30 јуни 1967 година во Куманово, а досега има одиграно бројни филмови и театарски претстави.

Тој е еден од нашите најпознати актери, а синот Александар, кој исто така е актер, го има од првиот брак, додека од вториот Максим.

Инстаграм/ Тони Михајловски

Тони во 2017 година се остави и во една од најважните улоги во животот – го доби внукот Матео, така што стана и дедо.

Инстаграм/ Тони Михајловски

Тони сега си доби роденденска честитка и од внукот, која што ја сподели снаата, сопругата на Александар, Ангела, која исто така е актерка.

Преубава честитка доби и од сопругата Александра, на која тој и одговори со „Те сакам“, со што ги разнежи сите.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Тони Михајловски

Инстаграм/ Тони Михајловски

Инстаграм/ Тони Михајловски

Инстаграм/ Тони Михајловски

Инстаграм/ Тони Михајловски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button