Реклама
MAMAРецепти

Толумби од рерна: Меки и вкусни, без пржење (Рецепт)

Реклама

Запаметете дека многу е важно да не ја отворате рерната во текот на печењето!

ФОТО: shutterstock

Потребни состојки:

  • 500 милилитри вода
  • 1 лажичка шеќер
  • Малку сол
  • 2 чаши масло
  • 300 грама брашно
  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво

Начин на подготовка: Вода, шеќер, малку сол и масло ставете на оган за да зовријат. Потоа додајте брашно кое претходно го измешавте со прашок за пециво. Добро промешајте па оставете да се олади. Во ладна смеса додавајте едно по едно јајце и добро соединете ги. Плехот обложете го со хартија за печење или пак премачкајте го со масло, па со шприц ставајте од толумбите, да бидат со големина од околу 12 сантиметри. Печете околу 30 минути на 180 степени, извадете ги, прелијте ги со шербет и оставете ги добро да впијат.

Совет: Додека се печат толумбите, подгответе го шербетот. Рерната загрејте ја пред да почнете со подготовка на тестото, така што добро ќе биде загреана кога ќе ги ставите да се печат. Воопшто не отворајте ја рерната да видите дали се готови. Извадете ги кога ќе добијат бакарна боја.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button