Тој не си отиде, само ја чекаше Виолета – Раде со „камбек“ на деценијата, и песна што ќе ја распее цела нација

По подолга пауза, една од најпознатите и најпозитивни јавни личности во Македонија, штипскиот актер, ТВ водител и пејач Раде Рогожаров, официјално најави дека се враќа на македонската музичка сцена!
Публиката го памети по неговиот заразен ентузијазам, харизма и уникатна енергија која секогаш го следи без разлика дали е на сцена, пред камера или на микрофон. А сега, Раде повторно ќе ги освои срцата на слушателите со својот најнов музички проект.
Новата песна носи наслов „Вики, Вики, Вики, Виолета“, а нејзин автор е Михаил Петров, истата креативна сила со која Раде го создаде незаборавниот хит „Габи, Габи, Габриела“, песна која своевремено стана „химна“ на многу забави и радости.
Неговиот „камбек“ веќе предизвикува голем интерес на социјалните мрежи, а видеото за „Вики, Вики, Вики, Виолета“ се очекува наскоро да ја има својата премиера.
Љубителите на добрата музика, сценската енергија и хуморот можат да бидат сигурни: Раде се враќа меѓу публиката, посилен и пораспеан од кога било!