Тој е израснат без родители: Панчеви со порака полна љубов за најдобриот наставник од Македонија (видео)
Веста дека учителот Иле Михајловски од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Свети Николе е еден од 50-те финалисти за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година, се расчу насекаде многу брзо.
Оваа награда ја доделува фондацијата Варки од Лондон, со поддршка од УНЕСКО и компанијата ГЕМС Еџукејшн. За наградата биле номининари 5.000 наставници од 89 држави во светот.
Михајловски ја доби комплетната медиумска поддршка, а беше угостен и од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска -Давкова.
За него ќе слушнете од сите страни, бидејќи покрај тоа што си ја врши на висина на задачата својата просветна работа, тој е омилен меѓу учениците, но дополнително е и многу хуман човек.
Покрај колегите кои веднаш застанаа за него, како и министерството, локалната самоуправа, името ан Михајловски со надобри епитети ќе го слушнете и од бројни познати личности го поздравуваат и му даваат поддршка во трката за најдобар наставник во светот. Меѓу нив е и познатата пејачка и активистка Ребека Јанковска-Ристески.
Михајловски е единствениот од Македонија што ја доби номинацијата. Од Балканот се тројца – Михајловски, Андреја Павловиќ, наставник по математика од Смедерево и Данило Ковач, наставник по историја од Бања Лука.
Преубава емотивна порака пристигна и од Маја и Драко Панчеви кои велат дека го познаваат лично многу одамна. Тие му посакаа среќа.
– Без разлика на резултатот, за нас тој секогаш ќе остане најдобар – велат Маја и Дарко во видеото.
Платформата Global Teacher Prize го опишува Михајловски како посветен наставник од Свети Николе кој е светилник на надеж во образовниот систем кој се соочува со многу системски предизвици.
„Неговиот животен пат, обликуван уште од адолесценцијата како дете без родители и страста за уметноста е обележана со непоколеблива посветеност за поддршка на децата од ранливите категории, поттикнување на инклузивно образование и негување на нова генерација на емпатични глобални граѓани. Иновативните наставни практики на Иле имаат длабоко влијание врз неговите ученици, особено оние од маргинализираните групи“, пишува меѓу другото.