Жените кои можат да доживеат оргазам за време на пенетрација силно ја притискаат карлицата до некој дел од машкото тело, најчесто до срамната (пубична) коска со цел за поголема стимулација.
Во основа, станува збор за коитална спона. Ако сакате, тоа можете да го наречете „Г-точка“, но дефинитивно постојат особено осетливи делови на вагината кои кога се стимулираат, создаваат чувство на оргазам.
Речиси кај сите жени овие најосетливи точки се наоѓаат на предниот ѕид од вагината, иако кај различни жени се на различно место распределени, што и ја поткрепува хипотезата за „Г-точката“. Оваа идеја ја потврдува и фактот што најдобрата поза за „оргазам без раце“ е кога е жената одозгора или е свртена со грб кон мажот затоа што тогаш најлесно се допира до предниот дел на вагината и уживањето за партнерката е преголемо.
Бидејќи овие чувствителни точки различно се распределени кај секоја претставничка на понежниот пол, најдобар начин да се дознае нивната локација е преку експериментирање, односно кога жената сама ги допира ѕидовите на вагината. Таму каде што чувството на задоволство е најсилно, таму најверојатно е „Г-точката“. Покрај тоа, зголемена чувствителност има и кај градите, поконкретно брадавиците. Со нивна правилна стимулација се зголемува возбудата кај жената, па паралелно со допирање на клиторисот или другите делови од вагината или, пак, со пенетрација, жената побрзо може да дојде до оргазам.