![](/wp-content/uploads/2025/02/kristijan.jpg)
Во вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“ вечерва се претстави нашиот Кристијан Марковски од Гевгелија. Кристијан ги освои сите шест гласа од жирито и директно се пласираше во следниот круг.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Дотеран во прекрасно ретро одело во сива боја кој го искомбинирал со бела кошула и елек прекрасниот Кристијан блесна на сцената.
View this post on Instagram
Тоа е твојата „застава“, тоа е твојата Македонија- вака менторот Ѓорѓе Давид го поздрави настапот на неговиот кандидат Марковски.
View this post on Instagram
29-годишниот Кристијан како прва ја отпеа песната „Џипси сонг“ од Влатко Стефановски. Грмна со својот глас и покажа како се пее. Ви го пренесуваме неговиот прв анстап на следното видео.
„Пиши пропало“ од Саша Ковачевиќ беше вториот избор за Кристијан. Овде тој ги покажа своите способности за кокетирање со публиката, неговата ведрина и енергичност на сцената. Како изгледаше неговиот настап можете да погледнете на следното видео.
Освен Марија Шерифовиќ, којашто и покрај тоа што гласаше за Кристијан даде коментар дека не било комплетно и дека му фалела емоција и енергија.
– Добар беше, ама нешто недостсува. Добро еве, како што колегите велат, да не бидам престрога ова е втор круг, ќе работите со менторите за во иднина да се поправат грешките – рече Марија.
Останатите членови од жирито беа воодушевени од нашиот Кристијан и тој ги собра најубавите комплименти и убави зборови.
– Пееш со леснотија, посебно првата песна ја донесе баш како што треба, влезе во сржта на песната, секоја чест – рече Мили.
Горди сме на Кристијан и ќе продолжиме да го следиме и понатаму на „Ѕвездите на Гранд“.
А, дека расположението е на високо ниво во Белград можеме да заклучиме и од сторињата на Кристијан на Инстаграм. Тој сподели како се дружат натпреварувачите меѓусебно, поточно тимот на Ѓоле.