NEWSВестиЦрна хроника

Тоа беше последното затворање на вратата, последниот здив на мојот свет – сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани (видео)

Advertisement

Таткото на трагично загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, сподели емотивна порака на социјалните мрежи, посветена на неговата ќерка. Во објавата, која ја придружува и видео-снимка од безбедносни камери, моментот кога Надица за последен пат излегува од својот дом, тој низ трогателни стихови ја излеа својата болка и вечната татковска љубов.

-Тоа беше обично затворање на врата … Но за менe, тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, напиша Наунов.

Advertisement

Во својата порака тој ја опишува неизмерната празнина што ја чувствува по загубата, но и вечната љубов што ја носи во себе.

-Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата, таму каде што не гори. Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот … тишина што ме гуши.

Иако времето минува, болката не стивнува.

-Помина време, но не и мојата болка. Надица, ти остана вечна во моето срце, во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува. Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина. И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам, завршува неговата објава.

Објавата на Александар Наунов предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина му упатија зборови на поддршка, сочувство и сила во оваа незамислива болка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button