Реклама
Бизнис

Тинекс повторно се огласи со нова вест за граѓаните – поевтинуваат цените, бојкотот ги исплаши?!

По најавите за бојкот, многу производи се најдоа на акција во најголемите маркети во Македонија, а некои од нив веќе најавија и поевтинување на цените...

Реклама

Овој петок не беше како и сите останати

Овој петок немаше гужва речиси во ниту еден поголем маркет во Македонија, а причината за тоа беше бојкотот.

Многу луѓе од цела држава му се придружија на бојкотот на големите трговски маркети заради превисоките цени.

Маркетинг

На бојкот се повикуваше најмногу преку социјалните мрежи, и истиот веднаш беше поддржан од многумина, а причината секако беа „безобразно“ високите цени на продавачите. Впрочем ова го вели секој граѓанин во Македонија, држава во која стандардот е низок, а цените дури и повисоки или исти како и во Германија, една од најразвиените земји во Европа (види тука).

Маркетинг
Фото: Унсплаш

Моќта е во рацете на граѓаните

Од овие причини многумина на 31 јануари се воздржаа и наместо да пазарат во големите маркети, купуваа од локалните продавници.

Па така маркетите останаа празни, а некои од нив, непосредно пред бојкотот, ги известија граѓаните дека ги намалуваат цените.

Еден од овие маркети е и Тинекс, каде одговорните од компанијата на денот на бојкотот излегоа со соопштение на социјалните мрежи во кое се вели дека ја разбираат загриженоста на граѓаните и дека затоа решиле да преземат конкретни чекори во првите месеци од 2025 и дека ќе ги вратат цените на ниво пред поскапувањата.

– Нема измени на ценовници во првиот квартал од 2025 година. Враќање на цените на ниво пред поскапувањата (пред 01.01.2025 година). Понатамошните корекции ќе бидат исклучиво според официјалната стапка на инфлација, стои во соопштението на Тинекс до граѓаните, но и до нивните добавувачи.

Принтскрин/ Фејсбук, Тинекс

„Ви благодариме на довербата и продолжуваме да работиме во интерес на нашите потрошувачи“, пишува во нивната објава на Фејсбук.

Тие воедно се обратија и до добавувачите истакнувајќи дека нема да прифаќаат измени на цените на нивните производи предлагајќи истите да се вратат на ниво од пред поскапувањата, односно пред 01.01.2025 година, а во случај нивниот ценовник да биде изменет спротивно на нивната одлука за работење, ќе бидат приморани дел од производите кои не се во согласност со оваа нивна одлука да не ги набавуваат, пишува во објавата на Тинекс.

Принтскрин/ Фејсбук, Тинекс

И како што објавија на својата официјална Фејсбук страница, и тоа токму на денот на бојкотот на граѓаните, овие конкретни чекори ќе траат во првиот квартал од 2025 година, а понатаму промена на ценовниците за Тинекс ќе биде прифатлива само доколку се на ниво пропорционално со годишната стапка на инфлација согласно официјалните податоци на Државниот Заводот за статистика.

Бројни намирници во текот на изминативе денови поевтинија, што значи дека бојкотот и те како ги замисли трговците!

Впрочем ова покажува дека бојкотот сепак не беше залуден, но и дека граѓаните имаат моќ да ги менуваат работите.

 

И ова треба да им биде предупредување не само на газдите на маркетите, туку и на сите оние што ја водат државата.

Искрено се надеваме дека компаниите ќе сфатат дека цените се превисоки и дека ќе размислат што сé можат да направат за своите потрошувачи, кои заради преголемата инфлација и високите цени, навистина одвај крпат крај со крај, а на сметка на тоа, некои наши трговци енормно се богатат.

Но како што велат добро упатените во проблематиката, не треба да имаме илузија дека бојкотот ќе ги намали цените засекогаш и дека ќе ги врати на она ниво на кое беа пред пандемијата. Но и самата најава за бојкот, како и придржувањето до него од страна на граѓаните беше сериозно предупредување и жолт картон до компаниите и трговците дека е крајно време да се опаметат и да престанат со злоупотребата на моќта што ја имаат на пазарот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button