Реклама
Нега и здравје

Тинејџерите се пасивни како да имаат 60 години

Реклама

Истражувачи од Блатимор заклучиле дека кај тинејџерите постои алармантно ниско ниво на активност, многу пониско од очекуваното.

 pasivni

Истражувачи од Блатимор заклучиле дека кај тинејџерите постои алармантно ниско ниво на активност, многу пониско од очекуваното. Податоците кои најмногу ги запрепастиле научниците се оние кои покажуваат дека деветнаесетгодишните се толку бавни, што би можеле да се споредат со личности во шеесеттите години. Од 50% до 75% од адолецентите не се држат до потребните насоки кога се во прашање секојдневните активности, што е резултат на денешниот начин на живот. На основа на нова студија спроведена од универзитетот „Џон Хопкинс“, се претпоставува дека токму тоа е и причината за растечката епидемија на дебелеење во САД. Поточно, дека за неактивноста на младите одговорни се социјалните мрежи кои влијаат на нивното здравје. Истражувањето е спроведено над шест различни старосни групи, од адолесценти, до подоцна зрелост. Активноста се зголемува после 20-тата година, но после 35-тата, повторно опаѓа. Експертите најмногу се загрижени поради неактивноста на тинејџерите, а светската здравствена организација предложува минимум еден час дневно физичка активност за адолесцентите. 20% од момчињата и 50% од девојчињата не се придржувале до овие сугестии.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button