Никотинот е отровен и предизвикува зависност.
Никотинот е отровен и предизвикува зависност. Секое вдишување го стимулира телото да произведува хемиски супстанции како што се допаминот и адреналинот, па таа пријатност може да ја ублажи социјалната анксиозност која преовладува кај тинејџерите кога сакаат да се чувствуваат прифатено од другите и да изгледаат „кул“.
Како и ефектот од секоја друга навика од која е зависен човекот, и овој е краткотраен и телото набрзо бара нова доза. И алкохолот има сличен ефект, затоа што најпрво предизвикува еуфорија, па потоа „паѓање во бездна“. Пушењето цигари обично е првиот порок со кој почнуваат да експериментираат тинејџерите, а што порано почнат, толку потешко ќе престанат со тоа.
Што можете да направите вие за да им помогнете на тинејџерите?
1. Потрудете се да го натерате детето да сфати што има во составот на цигарите и колку пушењето е штетно по здравјето.
2. Размислете кои скриени причинители би можеле да предизвикуваат кај детето желба или потреба за посегнување по одреден порок.
3. Не правете се дека не забележувате дека вашето дете развива лоша навика.
4. Ако вие го финансирате, внимавајте колку пари му давате и како истите ги троши.
5. Трудете се што поотворено да зборувате со него.
6. Не дозволувајте им на тинејџерите да се навикнат на алкохол. Неодговорно е од ваша страна да му давате да експериментира уште од рана возраст.
7. Се’ додека можете, држете се до правилото да не дозволувате пиење алкохол во вашата куќа.
8. Разговарајте со вашето дете за лошото влијание на алкохолот, покажете му некои примери, за да состави свое мислење и да си постави свои граници.
9. Не откривајте ги сопствените лоши искуства, затоа што секогаш ќе може тоа да ви го кажуваат како „изговор“.
Вашите деца се во ваши раце. Бидете им добар пример и учител, за подоцна во животот да уживате во она што денес ќе го вложите!