Тина преку ноќ стана ѕвезда во цела Германија, но МАКЕДОНСКИОТ МЕЛОС и лежи во душата (видео)
„Ме направивте најгордото човече на светот“, вели Тина која со својот настап ги воодуешви сите

„Јас му припаѓам на овој народ“ вели Тина за себе
Младата Тина Русева со својот моќен глас ги освои и гледачите од Германија кога се појави на сцената во популарното шоу.
Имено, Тина има 20 години и по потекло е од Струмица, но веќе со години живее во Леверкузен, Германија.
Инстаграм/ Тина Русева
Таа и во минатото има учествувано во бројни натпревари и има освоено разно-разни награди, но овој пат со нејзиниот моќен настап во шоуто „The Voice of Germany“ Тина никого не остави рамнодушен.
Станува збор за германска верзија на музичкото шоу „The Voice“, каде Тина со својот настап ја воодушеви германската публика.
Принтскрин/ Јутуб, The Voice of Germany
Таа веќе е препознатлива, и тоа не само во Македонија, а нејзината изведба на песна од Џеси Џеј има преку 300.000 прегледи.
Инаку, музиката на Тијана ѝ е во крвта – нејзината мајка е пејачка, а нејзиниот татко тапанар, а доаѓањето во Германија пред 8 години и отвора нови врати, каде веќе има снимено и своја авторска песна.
Принтскрин/ Јутуб, The Voice of Germany
Покрај песната „Let the music“ која што ја направи во соработка со Џеј-ЏејДи Тина за „Дојче веле“ ја најави и својата нова песна. Но како што вели и самата, македонскиот мелос е нешто што остава посебен белег во нејзината душа, па младата пејачка открива и дека се обидува да направи микс со англиска музика и да ја спои со нашиот ориентален мелос.
Принтскрин/ Јутуб, The Voice of Germany
Таа со микрофонот другарува од најмали нозе, а се пријави на натпреварот за да се претстави пред пошироката јавност.
Но по нејзиниот голем успех што го постигна кога се појави на „аудициите на слепо“, кога со својот брилијантен и моќен настап ја воодушеви германската, но и македонската публика, Тина се огласи преку Инстаграм и им се заблагодари на сите за големата поддршка.
Најгордото човече на светот
„Се уште ги собирам впечатоците од настапот на ‘The Voice of Germany’, но едно нешто ми е кристално јасно – вие ме направивте најгордото човече на светот. Македонија, фала ти што застанавте зад мене со толку љубов, гордост и искрена поддршка. Го почувствував срцето на секој еден од вас, Медиуми, музички ѕвезди, обични луѓе, дијаспората, младите, старите – сите како едно. Покажавме дека кога ќе се сплотиме, Македонецот е сила што инспирира“ напиша Тина по својот прв настап во шоуто.
Инстаграм/ Тина Русева
„Многу ми значи што баш преку овој настап успеав да ве обединам, да ве допрам и да предизвика радост“.
„Јас му припаѓам на овој народ, и оваа поддршка за мене значи се. Секој збор, секое споделување, секој аплауз ги носам со мене на сцените, и ми се најголема мотивација. И не постои поголема чест да ги носиш боите на татковината во срцето – и да ја почувствуваш назад таа љубов. Ова нека биде потсетник и поттик за сите нас да се поддржуваме, да се радуваме на успехот на другиот, и да бидеме горди едни на други. Само така можеме да растеме, да се слушаме надвор од границите, и во срцата на луѓето. Одиме понатаму“, напиша оваа млада дама.
Како звучи и нејзината песна, слушнете во продолжение: