Барате брз, вкусен, а евтин оброк без многу мачење во кујна? Ова е вистинскиот избор – едноставно јадење кое ги спојува вкусот на селото и топлината на домот.
Во главната улога се тиквичките, кралиците на летниот зеленчук. Тие се всушност основа на оваа неодолива пита, мека и сочна, ммм… Кога ќе додадете јајца, сирење и шунка, добивате богато полнета пита што може да биде појадок, лесен ручек или вечера.
Подготовката трае само неколку минути, а резултатот е чинија полна вкус и задоволство. Јадењето кое некогаш ја красела македонската селска трпеза, денес се враќа на голема врата – едноставно, хранливо и без непотребни состојки.

Состојки:
1 голема тиквичка
2 јајца
1 лажица брашно
неколку листови шунка
млад кромид
парчиња сирење по вкус
сол, сув зачин и меленa пиперка по вкус
масло по потреба

Подготовка:
Исечете ги краевите на тиквичката и изрендајте ја крупно. Посолете, добро измешајте и оставете ја да отстои околу 5 минути, потоа исцедете го вишокот течност.
Изматете ги јајцата со малку сол, меленa пиперка и сув зачин, додадете брашно и убаво измешајте. Прелијте ја тиквичката со оваа смеса и соединете ги убаво.
Подмачкајте тава со масло, загрејте ја добро и со лажица ставете половина од смесата, рамномерно распоредувајќи ја.
Додека се пече, наредете шунка, ситно сечкан млад кромид и парчиња сирење/или урда. Потоа прелијте со остатокот од смесата.
Кога долниот дел ќе се запече, внимателно свртете и печете од другата страна додека добие златна боја.
Вкус што потсетува на детството – подготвен за неколку минути!