Тијана се пофали со професијата на синот – подобро заработува од мене!
„Без никаква најава, еден ден доаѓа дома и вели дека му требаат нови слушалки и звучници“.

Македонската популарна пејачка и водителка Тијана Дапчевиќ неодамна, гостувајќи во поткастот Рецепт за успех, зборуваше за својот син Вук и откри дека и тој започнал да се занимава со музика, и тоа доста успешно, бидејќи веќе заработува сериозна сума пари од тоа.
„Сериозно се занимава со музика! Работи дури и за една продукција од Флорида. Тие самите му испратија имејл, го забележале! Заврши нижо музичко училиште. На почетокот на неговото седмо одделение почнав да му ‘звоцам’, го прашував што планира да прави во животот, каде се гледа за десет години. Беше збунет, неодлучен… Сакашe да запише гимназија. Се загрижив, бидејќи ми делуваше незаинтересирано,“ раскажа Тијана.

Потоа додава со насмевка:
„Му реков добро да размисли, бидејќи знаев дека е талентиран. Без никаква најава, еден ден доаѓа дома и вели дека му требаат нови слушалки и звучници. Ми вели: ‘Почнав да правам музика.’ Го прашувам каква музика, а тој ми одговара: ‘Па, фонг…’ Немав поим што е тоа! Ми пушти да слушнам, по десет секунди му реков да го изгаси! Одвратно, не можев да слушам. Тоа е некаква електроника, комбинација од бразилски регетон и техно, сè пршти, ужас! Но, чекор по чекор, почна да се поврзува со деца од странство што прават исто таква музика.“
„На Спотифај за помалку од една година собра три милиони прегледи, исто и на Тик ток, Има авторски права на сите платформи. И така, последниве неколку месеци, момчето заработува повеќе од мене. Супер е!“, открива пејачката во подкастот „Рецепт за успех“, пренесува „Гранд“.

Инаку, синот на Тијана и Милан, Вук, во февруари наполни 16 години.